Седумкратниот светски шампион во Ф1, Михаил Шумахер на 17-ти ноември минатата година предизвикал тешка сообраќајна несреќа во близина на Севиља во која тешко повреден бил велосипедист.Шпанските медиуми пишуваат дека ова било строго чувана тајна. Германецот тогаш возел изнајмен Ауди А4 и на еден кружен тек го удрил велосипедистот кој имал предност.
Човекот паднал и ја скршил раката која морала да му биде оперирана. Полицијата интервенирала и го составила извештајт, а истрагата и натаму е во тек во Севиља.
Според шпанските медиуми, целиот случај најверојатно нема да дојде до суд, бидејќи осигурувањето на Шумахер се понудило да плати обештетување.
Шумахер од 29-ти декември е во вештачка кома по тешкиот пад на скијање.
Извор: ВечерШпанските медиуми пишуваат дека ова било строго чувана тајна. Германецот тогаш возел изнајмен Ауди А4 и на еден кружен тек го удрил велосипедистот



