Продолжуваат интензивните комуникации на ВМРО ДПМНЕ со производителите на храна. Денеска Цветан Трипуновски беше на средби во повеќе населени места во струмичкиот регион, поконкретно во Босилово, Радово и Иловица.Во Босилово на средбата со земјоделците беше направена анализа за поддршката на аграрот што ја дава Владата на ВМРО ДПМНЕ и за плановите за идниот период. Посебно е значајно планираното исполнување на проектот за воведување системи капка по капка со што значајно би се зголемила продуктивноста и квалитетот на градинарското производство. Се разбира, стана збор и за финансиската поддршка во делот на субвенциите и набавката на механизација што претпоставува уште позначајна помош, зашто во делот на механизацијата се предвидува набавка со 60% помош од државата.
Трипуновски зборуваше и за откупот и максималните напори на Владата на ВМРО ДПМНЕ за заштита на производителите од нелојалната конкуренција, но и од несовесните компании кои се присутни на пазарот во делот на преземање на градинарското производство.
-Сакам да потенцирам дека ВМРО ДПМНЕ покажа како треба да се грижи и како треба да се поттикнува и да му се помага на македонскиот земјоделец со сите оние мерки коишто ги имавме изминатиов период, и во делот на субвенционирањето и во останатите сфери”. Ова го потенцираше Цветан Трипуновски по завршувањето на средбите во Босилово, Радово и Иловица, рече Трипуновски.
Тој посебно се задржа со вработените во млекарницата ,,Здравје,, во Радово. Оваа реномирана компанија е стожер на развојот на сточарството, но и значаен преработувачки капацитет со највисоки стандарди. Во разговорот беа потенцирани патиштата за уште позначаен развој на сточарството во Македонија.
Трипуновски на средбите се осврна и на политичката состојба која директно влијае и на работата на производителите на храна.
-На секој граѓанин му е јасно што значат релаксирани услови за живот и работа, кога енергијата нема да се троши на бесмислени, испровоцирани и наметнати односи од страна на СДСМ, наспроти избраните претставници од народот на последните парламентарни избори. Затоа, не треба да има никаква дилема: само 63 пратеници од ВМРО ДПМНЕ во идниот законодавен дом се вистинска гаранција за враќањето во нормален колосек и продолжување на патот на развојот, подвлече Трипуновски.Во Босилово на средбата со земјоделците беше направена анализа за поддршката на аграрот што ја дава Владата на ВМРО ДПМНЕ и за плановите за идниот