Искористувањето на средствата од ИПАРД Програмата е највисок приоритет на Владата и веќе се преземени соодветни мерки за нивна зголемена апсорпција: отворање Гарантен фонд, субвенционирање банкарска камата, изготвување типски проекти, намалување на критериуми и отворање канцеларии за подготвување апликации, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков пред промоцијата на твининг-проектот за јакнење на капацитетите на Платежната агенција, како и нејзино поефективно и поефикасно работење.Проектот е поддржан од Европската унија со 1,5 милиони евра и ќе трае 21 месец, а партнери се Агенцијата за претприемништво на Холандија, Агенцијата за земјоделски регистри и Земјоделскиот истражувачки центар на Естонија, како и Агенцијата за земјоделски пазари и рурален развој на Словенија.
Како што нагласи министерот Цветков, покрај јакнење на Платежната агенција, целта на проектот е и реакредитирање на постоечките четири мерки, како и акредитирање на уште две нови во делот на агроекологијата, органското земјоделство, локалниот развој и руралната инфраструктура.
– Целта на твининг-проектот е да се подобри ефикасноста на Платежната агенција преку јакнење на нејзините административни капацитети, да се има институција која ќе одговори на потребите на земјоделците, руралната економија и жителите од неразвиените подрачја, истакна Мартин Клауке од Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Според него, ИПАРД Програмата имаше одредени недостатоци и поголем дел од средствата во периодот 2007-2013 година останаа неискористени.
– Ова е ситуација со која ЕУ не е задоволна. Затоа ги насочивме нашите напори, заедно со локалните партнери да го најдеме решението на овој проблем, рече Клауке.
Првиот секретар во Амбасадата на Словенија Домен Петелин нагласи дека во интерес на Унијата е земјите од регионот да се развиваат и побрзо да станат дел од европското семејство. – Прилагодувањето на ЕУ-стандардите бара политички одлуки, но и стручна работа, рече Петелин, додавајќи дека освен декларативна поддршка, твининг-партнерите ќе обезбедат и конкретна, експертска помош.
Директорката на Платежната агенција Билјана Вуковиќ од претстојните проектни активности очекува, како што рече, поедноставување на внатрешните контроли кои се покажале како една од пречките за подобро искористување на ЕУ-фондовите.
Проектот, додаде, треба да овозможи и имплементација на софтверските решенија за ефикасно и брзо спроведување на програмите.
– Ако сакаме средствата побрзо да го наоѓаат патот до оние за кои се наменети, потребно е да се модернизираме, порача Вуковиќ и оцени дека новите знаења не само што ќе го зголемат степенот на искористеност на средствата, туку ќе придонесат и за нивна поголема ефикасност, а тоа ќе резултира со поголема конкурентност и продуктивност на земјоделскиот сектор.
На презентацијата учествуваа и претставници од останатите земји партнери на проектот.Проектот е поддржан од Европската унија со 1,5 милиони евра и ќе трае 21 месец, а партнери се Агенцијата за претприемништво на Холандија, Агенцијат