Цветковски: СЈО бега од својата основна цел

Специјалното јавно обвинителство и неговата работа се во фокусот на вечерашното „Отворено студио“ со Градимир Марковски на ТВ Нова во кое гостуваат независната пратеничка Солза Грчева и Виктор Цветковски, адвокат и генерален секретар на ГРОМ.Цветковски го критикува Специјалното јавно обвинителство, велејќи дека веќе цела година ја избегнува својата основна цел, според извештајот на самото СЈО.
-Во заклучоците на извештајот, самата јавна обвинителка има наведено дека основна цел, дури и ќе ја цитирам: „на ова јавно обвинителство е да утврди кој, на кој начин и за чии и какви цели вршел незаконско прислушување во периодот 2008-2015 година““, рече Цветковски.
Цветковски вели и дека една година по формирањето на СЈО, уште чекаме да дознаеме кој е тој што ја прислушувал цела Македонија.
-Основна цел на ова Јавно обвинителство е првенствено да го истражи тоа, виновниците да ги утврди, да ги изведе пред суд и да докаже кој, зошто и кои се целите што сакал да ги постигне со снимањето. И година дена упорно бега од таа цел“, вели Цветковски.Цветковски го критикува Специјалното јавно обвинителство, велејќи дека веќе цела година ја избегнува својата основна цел, според извештајот на само

Пронајдете не на следниве мрежи: