Дали постои разлика меѓу миењето на рацете со цврст сапун и миење со течен сапун?Дебатата за тоа кој сапун е подобар се одвива со децении, но едно истражување од 2006 година дојде до одредени резултати.
Имено, истражувањето покажа дека колку што е помокар цврстиот сапун, поголеми се шансите дека на него ќе се наталожат бактерии.
Ова се случува бидејќи така функционира сапунот: Кога ќе се помеша со вода, мастите од сапунот се распаѓаат, зголемувајќи ја растворливоста на се што се наоѓа на кожата, вклучувајќи ги и бактериите. Но, сама по себе, водата не може да ги отстрани сите бактерии, и бидејќи водата останува на површината на сапунот по миењето на рацете, некои од бактериите остануваат во таа вода.
За среќа, сапунот е растворлив во вода, и доволно е да се исплакне под млаз вода за да паднат бактериите од површината. А ако се користи дома, каде што го допираат многу помал број на луѓе од оние во јавните тоалети (заедно со нивните бацили), е речиси сосема безбеден.
Сепак, Центарот за Контрола и Превенција на болести предлага луѓето да употребуваат течен сапун за да го минимизираат ризикот од ширење на штетни бактерии. Иако секое одново полнење на садот за течен сапун претставува ризик за наталожување на бактерии, сепак Центарот го даде својот глас за течниот сапун, со образложението дека садовите за течен сапун можат да се исчистат или заменат, а тоа значително ја намалува шансата за наталожување на бактериите од случајот со цврстиот сапун, на кој се наталожува барем одреден број на бактерии на секое користење.
Што се однесува до користењето на двата видови, претставничката на Центарот, Бритни Бем, изјави: „Нема потреба да користите повеќе сапуни. Ви препорачуваме да го одберете оној кој најмногу ви одговара и да се држите до него“.Дебатата за тоа кој сапун е подобар се одвива со децении, но едно истражување од 2006 година дојде до одредени резултати.
Имено, истражувањ