Иако цивилизацијата на Ацтеките е уништена уште во XVI век, за време на шпанската колонизација на Америка, познато е дека тие верувале во различни божества, принесувале човечки жртви и развивале сопствен календар. Во астрологијата на Ацтеките има 12 знаци, чии симболи се мешавина на растенија, животни и предмети.Денови на крокодилот
Јануари 4, 16, 18. Февруари 2, 14, 26. Март 10, 22. Април 3, 15, 27. Мај 9, 21. Јуни 2, 14, 26. Јули 8, 20. Август 1, 13, 25. Септември 6, 18, 30. Октомври 12, 24. Ноември 5, 17, 29. Декември 11, 23.
Денови на куќата
Јануари 5, 17, 29. Февруари 3, 15, 27. Март 11, 23. Април 4, 16, 28. Мај 10, 22. Јуни 3, 15, 27. Јули 9, 21. Август 2, 14, 26. Септември 7, 19. Октомври 1, 13, 25. Ноември 6, 18, 30. Декември 12, 24.
Денови на цветот
Јануари 6, 18, 30. Февруари 4, 16, 28. Март 12, 24. Април 5, 17, 29. Мај 11, 23. Јуни 4, 16, 28. Јули 10, 22. Август 3, 15, 27. Септември 8, 20. Октомври 2, 14, 26. Ноември 7, 19. Декември 1, 13, 25.
Денови на змијата
Јануари 7, 19, 31. Февруари 5, 17, 29. Март 1, 13, 25. Април 6, 18, 30. Мај 12, 24. Јуни 5, 17, 29. Јули 11, 23. Август 4, 16, 28. Септември 9, 21. Октомври 6, 15, 27. Ноември 8, 20. Декември 2, 14, 26.
Денови на еленот
Јануари 8, 20. Февруари 1, 6, 18. Март 2, 14, 26. Април 7, 19. Мај 1, 13, 25. Јуни 6, 18, 30. Јули 12, 24. Август 5, 17, 29. Септември 10, 22. Октомври 4, 16, 28. Ноември 9, 21. Декември 3, 15, 27.
Денови на јагуарот
Јануари 9, 21. Февруари 7, 19. Март 3, 15, 27. Април 8, 20. Мај 2, 14, 26. Јуни 7, 19. Јули 1, 13, 25. Август 6, 18, 30. Септември 11, 23. Октомври 5, 17, 29. Ноември 10, 22. Декември 6, 16,28.
Денови на трската
Јануари 10, 22. Февруари 8, 20. Март 4, 16, 28. Април 9, 21. Мај 3, 15, 27. Јуни 8, 20. Јули 2, 14, 26. Август 7, 19, 31. Септември 12, 24. Октомври 6, 18, 30. Ноември 11, 23. Декември 5, 17, 29.
Денови на зајакот
Јануари 11, 23. Февруари 9, 21. Март 5, 17, 29. Април 10, 22. Мај 4, 16, 28. Јуни 9, 21. Јули 3, 15, 27. Август 8, 20. Септември 1, 13, 25. Октомври 7, 18, 31. Ноември 12, 24. Декември 6, 18, 30.
Денови на орелот
Јануари 12, 24. Февруари 10, 22. Март 6, 18, 30. Април 11, 23. Мај 5, 17, 29. Јуни 10, 22. Јули 4, 16, 28. Август 9, 21. Септември 2, 14, 26. Октомври 8, 20. Ноември 1, 13, 25. Декември 7, 19, 31.
Денови на мајмунот
Јануари 1, 13, 25. Февруари 11, 23. Март 7, 19, 31. Април 12, 24. Мај 6, 18, 30. Јуни 11, 23. Јули 5, 17, 29. Август 10, 22. Септември 3, 15, 27. Октомври 9, 21. Ноември 2, 14, 26. Декември 8, 20.
Денови на каменот
Јануари 2, 14, 26. Февруари 12, 24. Март 8, 20. Април 1, 13, 25. Мај 7, 19, 31. Јуни 12, 24. Јули 6, 18, 30. Август 11, 23. Септември 4, 16, 28. Октомври 10, 22. Ноември 3, 15, 27. Декември 9, 21.
Денови на кучето
Јануари 3, 15, 27. Февруари 13, 25. Март 9, 21. Април 2, 14, 26. Мај 8, 20. Јуни 1, 13, 25. Јули 7, 19, 31. Август 12, 24. Септември 5, 17, 29. Октомври 11, 23. Ноември 4, 16, 28. Декември 10, 22.
Крокодил
Крокодилот е симбол на среќата и благосостојбата. Тој е почеток и крај на сите работи. Крокодилите се самоуверени, независни, на другите им се поддршка и им влеваат сигурност. Тие се вредни и одговорни, а овие карактеристики ги доведуваат до успех. Крокодилите се верни пријатели и никогаш не го забораваат ниту најмалиот детал. Романтични се и никогаш не се предаваат целосно на партнерот ако не се тотално заљубени. Крокодилите секогаш се во потрага по стабилна и долга врска. Сензуални се и спремни за егзибиции во кревет за сексуално да го задоволат својот партнер. Тие обично имаат добро здравје. На нив треба да им се даде слобода за да им се препуштат на своите чувства. Крокодилите се согласуваат со лицата родени во знакот куќата, каменот, мајмунот и јагуарот.
Куќа
Куќата е симбол на мајчинството, a овие лица често се материјалисти. Тие уживаат кога се вo своите домови и таму најдобро се забавуваат. Редовно се грижат за финансиската и емоционална добросостојба на членовите на семејството и веруваат дека тие се обврзани да се грижат за нивната сигурност и безбедност. Тие имаат потреба од душевен мир и оригиналност и бараат работа во која ќе може слободно да изразат своите способности без никакви ограничувања. Емоциите им се силни, екстровертни се и никогаш не задржуваат во себе било позитивни или негативни чувства. Тие сакаат интензивно и никогаш не се враќаат откако еднаш ќе ги разочарате. Куќите, исто така знаат да бидат нестабилни и непредвидливи личности. Тие се со малку мрачна природа и затоа бараат интима и приватност во своите засолништа. На нив им е потребно да ја почувствуваат љубовта на оние од нивното опкружување. Љубовта во врската за нив без голема доза на романтика е безначајна. На Куќите карактерот значително им се менува кога ќе се соочат со проблем кој бара брзо решение. Куќата се согласува со змијата, трската, зајакот, орелот и со другите куќи.
Цвет
Цветот е симбол на играта и затоа луѓето кои му припаѓаат на овој знак не се плашат да донесуваат одлуки кои би можеле да го променат текот на нивните животи. Тие се многу чувствителни, уметнички наклонети и порочни. Брзо им здосадува да вршат рутински задачи, бидејќи во тоа не постои ништо што мотивира, па затоа им е потребна професија која нуди креатисвност и слобода. Цветовите имаат силна интуиција која може да им помогне да избегнат многу проблеми и фрустрации, само ако ја послушаат. Тие се многу затворени, тешко ги покажуваат чувствата или признаваат дека имаат проблем. Многумина од нив изгледаат измачено, но нивното срце е полно со љубов и нежност, а им треба многу љубов и внимание. Креативни се во креветот што ги прави впечатлви љубовници, а од својот партнер постојано очекуваат изненадувања, во спротивно тие се досадуваат и разочаруваат. Цветовите треба да научат да го контролираат својот темперамент и подобро да го планираат своето време. Тие се согласуваат со припаднците на следните знаци: трска, зајак, куче, мајмун, јагуар и елен.
Змија
Змијата е симбол на плодноста. Овие луѓе веруваат во долгорочно планирање како клуч за благосостојбата во иднина. Змиите имаат талент за работи кои носат голем профит. Нив не е лесно да ги скршиш, храбри се и речиси никогаш не се предаваат, но и не влегуваат во битка во која што не можат да победат. Змиите имаат блиски врски со родители и пријатели, а потребно им е да бидат центар на внимание бидејќи уживаат кога другите им се восхитуваат. Заводливи се кога сакаат да бидат, особено кога ќе се обидуваат да стигнат до нешто што многу го сакаат. Како љубовници се нестабилни бидејќи никогаш не знаат точно што сакаат. Змиите добро се согласуваат со орли, кучиња, змии и јагуари.
Елен
Елените се весели луѓе кои размислуваат брзо, полни се со оптимизам и радост. Тие се љубезни, пријателски настроени, зборлести, но им треба и својот мир. Тие сакаат да имаат многу пријатели и елоквентни се во секое друштво. Сепак, сето тоа е само на површината, бидејќи во суштина на нив им е тешко да им веруваат на луѓето. Ефективни се на работа, а амбицијата им помага на патот кон успехот во постигнувањето на личните цели. Тие сакаат да бидат во директен контакт со природата. Како љубовници се срамежливи, затоа никогаш не го даваат најдоброто од себе, ниту пак знаат вистински да уживаат во врската. Кога ќе се заљубат, никогаш не се сигурни дали нивната љубов е возвратена, а поради тој страв многу нивни врски не успеваат. Многу се чувствителни и затоа лесно се повредуваат. Елените се компатибилни со луѓето родени под знакот на кучето, јагуарот, мајмунот, цвеќето и зајакот.
Јагуар
Јагуарот е симбол на сонцето, доброто и чисто срце, доброто здравје, упорност, успех и среќа. Припадниците на овој знак привлекуваат моќ и слава. Не толерираат било какви грешки, ниту можат да гледаат и да дозволат како некој друг им ги саботира плановите без да реагираат. Тие се одлични организатори и лидери кои никогаш не ризикуваат ако не се сигурни на успех. Храбри се и им се допаѓа кога луѓето се восхитуваат на нивниот хероизам. Тие се многу сензуални и романтични во врските, искрени се, отворени, нo и љубоморни. Секогаш имаат потреба се да им е под контрола. Јагуарот согласува со крокодилот, трската, зајакот и еленот.
Трска
Трската е симбол на ведрината и мудроста, а обично тие се интелигентни луѓе. Имаат постојана потреба за духовност, уметност и радост. Позитивни се и не се грижат многу за материјалното богатство, а среќата им е далеку побитна од тоа. Многу се независни и горди на тоа. Вешти се со зборови, а парите лесно доаѓаат до нив. Трските се подобри пријатели отколку љубовници, иако имаат и шарм и харизма. Тие сакаат изненадувања и обично се блиски со пријателите и семејството. Не сакаат здодевност и затоа секогаш со нешто се занимаваат. Непостојани се во љубовта и на партнерот ретко му се предаваат целосно. На нив им е потребна слобода и самостојност во носењето на одлуки. Трските добро се согласуваат со луѓето родени во знакот на каменот, јагуарот, цвеќето и куќата.
Зајак
Овој знак е поврзан со Месечината, така што зајаците никогаш не знаат што се тоа финансиски проблеми. Тие се работливи луѓе кои знаат да надушкаат пари. Сакаат луксузни предмети на кои трошат богатства. Сепак, не трошат сѐ и знаат и да тргнат пари „за некој дождлив ден“. Не се добри шефови, но се одлични советници и соработници. Пријатни се, љубезни и пријателски настроени се додека другите така се однесуваат кон нив. Тие се полни со енергија и секогаш прават планови за иднината. Мана им е што се неверни во љубовта. Сакаат да менуваат партнери и домови по неколку пати во животот. Со партнерот имаат толерантен и романтичен однос, но со текот на времето им здосадува и почнуваат да се менуваат. Сепак, повеќе им значат емоциите отколку сексот. Зајаците се неуморни перфекционист кои се борат со сите сили за да ги постигнат своите цели. На припадниците на овој знак им одговараат лицата родени под знакот на еленот, змијата, јагуарот и кучето.
Орел
Орелот е поврзан со сонцето, ѕвездата која му дава храброст, среќа и убавина. Тој сака моќ и влијание, одличен е како шеф кој ризикува, но знае и да обезбеди победа. Тој е премногу импулсивен и страсен и дозволува инстинктите да го водат. Полн е со енергија и не може да се смири на една минута. Се грижи за свотие пријатели и предавството многу го повредува. Кога станува збор за љубовта, нестрплив е и емоциите му се интензивни. Стабилноста на орлите целосно зависи од нивниот љубовен живот. Премногу се горди и помалку алчни, а треба да научат повеќе да даваат животот. Орелот добра се сложува со оние родени под знакот на змијата, кучето и припадниците на истиот знак како нив.
Мајмун
Тие се весели луѓе кои се полни со позитивна енергија и знаат како да ја придобијат довербата на луѓето. Мајмунот е оригинален и креативен, а неговата бујна фантазија му го отвора патот кон остварување на своите цели. Тој е голем пријател, но себичен е во љубовта. Не ги исполнува барањата на партнерот и не сака од ништо да се одрече. Сепак тој емотивно е врзан за својот партнер. Мајмунот секогаш има нешто ново и различно да понуди. На него важна му е комуникацијата во врската и сака да чувствува поддршка од партнерот во секое време. Парите не ги штеди. На родените под овој знак им одговараат лица од знаците крокодил, елен, зајак и мајмун.
Камен
Каменот е симбол на жртвата, амбицијата и храброста. Тие се јаки личности кои имаат сила и волја. Себеси си поставуваат високи цели и се впуштаат во ризични зафати за кои другите немаат храброст. Пожртвувани се и вредни. Не знаат да им кажат “не” на пријателите, дури и ако тоа е против нивните принципи. Тие се одлични љубовници, страсни, а внимателни се и нежни кон сите околу нив. Секогаш се плашат од промени и од се што може да им ја загрози сигурноста. Но, за подобро да се чувствуваат тие треба да ги отворат своите души. Најдобро се сложуваат со оние кои се родени под знакот на крокодилот, еленот, зајакот и мајмунот.
Куче
Кучето е симбол на верноста и добрината. Тие се многу интуитивни луѓе кои знаат да слушаат и подготвени се за другите да го дадат својот максимум. Многу време поминуваат во размислување и анализа и се перфекционисти. Бидејќи не сакаат нивниот приватен живот да страда, на нив им треба сигурна работа без стрес. Претпазливи се и не сакаат да се впуштаат во нешто неочекувано. Во љубовта често знаат да бидат ладни и да не се врзуваат, за да не бидат повредени. Тие се многу пребирливи при изборот на партнер. Не сакаат да се впуштаат во кратки врски и не им смета да го чекаат „принцот“. Кучињата добро функционираат со оние родени под знакот на зајакот, орелот, каменот и еленот.Денови на крокодилот
Јануари 4, 16, 18. Февруари 2, 14, 26. Март 10, 22. Април 3, 15, 27. Мај 9, 21. Јуни 2, 14, 26. Јули