д-р Елена Арсова: „Моември“ ги поттикна мажите да се грижат за здравјето

Интервју со д-р Елена Арсова, трихолог во 101 Hair ClinicПулс24.мк: Д-р Елена Арсова, Вие од самиот почеток пред три години си директен активист на кампањата „Моември“ во Македонија кои Здружението „Превентус“ ја иницираа, кој беше твојот предизвик да се вклучиш директно?
Д-р Елена Арсова: Кампањата „Моември“ има амбиција да придонесе во подобрувањето на здравјето на мажите во целиот свет. Целта на оваа кампања е да се подобри свесноста и разбирањето за проблемите со кои мажите се соочуваат, да се дискутира отворено за теми кои се однесуваат на машкото здравје, да се зборува за стигмите врзани со машкото здравје. Токму во овие тенденции на кампањата препознав можност да им помогнеме на мажите околу здравјето на косата. За разлика од ставовите во минатото, мажот на денешницата не го прифаќа губењето на косата како нормална појава, туку бара решение и третман. Идејата ни беше преку активностите во кампањата да им дадеме корисни информации и совети на мажите околу проблемите со косата и скалпот.
Пулс24.мк: Сиве овие три години има ли промена во свеста кај мажите да се грижат за своето здравје?
Д-р Елена Арсова: Секако. Мој впечаток е дека мажите почнуваат поотворено да дискутираат за своите здравствени проблеми. Понекогаш срамежливо, понекогаш шегувајќи се на своја сметка, понекогаш со недоверба, но сепак бараат стручна помош. Особено би ги пофалила младите мажи кои многу брзо реагираат на својот проблем со опаѓање на косата. Ми се чини дека за нив веќе е нормално што порано да се обратат на доктор за да добијат стручен совет. Иако тие млади мажи добиле многу информации за косата преку електронските медиуми, сепак ме радува што бараат и наше мислење и совет за нивниот проблем со косата. Често развиваме и дискусија за методите на третман.

Пулс24.мк: Вие работите како доктор, трихолог за здравјето на косата на луѓето во 101 Hair Clinic, кои најчести проблеми со косата имаат мажите?
Д-р Елена Арсова: Наследната ќелавост е најчестиот проблем. Дури 20% од мажите во нивните 20-ти години имаа одреден степен на губење на косата, а 40% до нивните 35 години. Затоа „Моември“ е кампања која овозможува навремено да ги едуцираме младите за проблемите на косата и одржување на здравјето на косата и скалпот. Исто така, перутот и себореичниот дерматит се чести проблеми кај мажите кои со правилни навики на хигиена, соодветна исхрана и адекватни производи, лесно се контролираат. И седата коса секако ги засега мажите и бараат начини на превенција и третман. Во текот на Моември даваме совети и насоки кои помагаат и во решавање на проблемите со косата и со скалпот. Многу често лоши навики предизвикуваат проблеми со скалпот и косата, па и совет е доволен за да се реши проблемот.
Пулс24.мк: Која е вашата порака до мажите за последниот ден од Моември?
Д-р Елена Арсова: Грижете се за вашето здравје и здравјето на вашата коса. Независно колку години имате, една од најважните работи кои можете да ги направите за да останете здрави е да ги знаете и да ги следите своите најзначајни бројки. Следењето на тие параметри и нивното одржување во граници на нормала ќе го намали ризикот од срцеви заболувања и срцев удар, губење на косата, дијабетес и многу типови на рак. Знајте ја вашата фамилијарна историја на болести (наследната ќелавост има генетска основа). Вежбајте( ама не земајте стероиди кои би го зголемиле опаѓањето на косата). Не пушете (и намалете го ризикот од појава на седи влакна), Одржувајте нормална телесна тежина. Справете се со стресот. Умерено пијте алкохол. Навреме превземете мерки. Јадете здраво (и јадете доволно протеини за здрава коса). Негувајте ја косата и одржувајте го растот на косата. И навремено побарајте совет од доктор.Пулс24.мк: Д-р Елена Арсова, Вие од самиот почеток пред три години си директен активист на кампањата „Моември“ во Македонија кои Здруже

Пронајдете не на следниве мрежи: