Зависници сте секоја година од скијање на снегот, но една од негативните работи при скијањето која може да ви се случи е таканаречениот скијачки прст. Субунгвален хематом кој претставува состојба кога се јавува крварење под ноктот. Токму тоа е честа повреда на лежиштето на ноктот, предизвикан од удар на ноктот или прстот како и од повторувачка траума.Треба да се внимава какви скијачки чизми се носат, затоа што премалите или преголемите чизми за скијање, може да предизвикуваат вашето стопало да се лизга напред и назад во чизмата, тогаш имаме услови за репетитивна траума. Може да се јави и при носење тесни чевли кои притискаат на прстот и ја заробуваат крвта водејќи до зголемен притисок во крвните садови и последователни подливи. Во било кој случај доаѓа до пукање на малите крвни садови и излевање на крвта меѓу ноктот и лежиштето на ноктот.
Пациентот забележува дисколорација на ноктот, модрило на ноктот и чувство на притисок. Крвавењето од богатата васкуларна мрежа го зголемува притисокот под ноктот и предизвикува сигнификантен дискомфор. На почеток повредата може само да боли и да има осетливост на допир. Како што крвта се акумулира болката се зголемува, и дава остра болка. Дури притисокот од крвта може да го подигне ноктот. Бојата се менува од црвена во виолетова до темно кафеава.
„Третманот е минимален и се состои од мирување, подигнување на ногата, лед и компреса на ноктот. Аналгетици за болката исто така се препорачуваат. Подигнување на ногата и апликација на лед директно ќе го намали отокот. Со тек на време ќе се ресорбира хематомот, а за 6 до 9 месеци ноктот се обновува. Но исклучиво често на повреда од ваков тип се надоврзува габична инфекција на ноктот која многу тешко се лечи. Од тие причини советувам задолжителна трепанација на ноктот. Трепанација е техника која овозможува да се издренира крвта, да се олесни притисокот и болката и пред се да се превенира развој на габична инфкеција. Дури препорачувам и купки за превенција од габична инфекција“ советува д-р Елена Арсова, медицински директор на 101 Foot Clinic.
Најважно од се кога ќе се забележи било каков проблем со повреда на ноктот при скијање да побараат совет од стручно лице.Треба да се внимава какви скијачки чизми се носат, затоа што премалите или преголемите чизми за скијање, може да предизвикуваат вашето ст