Државниот архив на РМ на чело со Петровски, неуморно работи на промоција на македонската историја и документи, како и отворање на Архивот кон светот.
Директорот на Државниот архив на Македонија, д-р Филип Петровски, најавува нови активности во соработка со директорот на Александриската библиотека, г-дин Исмаил Серагелдин. Тие во моментов се наоѓаат во претседателската вила „Билјана“, во Охрид, каде Серагелдин се обрати на учесниците на Школата за млади лидери чиј покровител е претседателот Иванов.
Според објавата на Петровски, во брзо време може да се очекува депонирање на дигитални македонски документи за прв пат.
Модернизацијата на Државниот Архив, како и оваа и слични активности се од огромно значење за македонската историја и македонскиот народ.
Во продолжение објавата на Петровски во целост:
„Со директорот на библиотеката на Александрија (онаа на Александар Македонски и Птоломеј) г-дин Исмаил Серагелдин во вилата на Претседателот на Република Македонија г-дин Иванов. Договорено е да депонираме дигитални македонски документи за прв пат. Ќе го сторам тоа во скоро време. Имајте убав ден.“