Д-р Лидија Гајски за фармацевтската индустрија: Измислуваат болести и ги трујат луѓето со лекови

Колку всушност лековите кои ги земаме ни се корисни? Дали мора навистина за секоја болка или влошување на здравствената состојба да посегнеме по таблетките? Дали се здрави лековите кои секојдневно ги земаме?Ви го пренесуваме во неколку дела интервјуто на д-р Лидија Гајски, специјалист за интерна медицина. Прочитајте што таа открива за целата фармацевтска индустрија и за вистинските ефекти од лековите кои ни се препишуваат.
Колкава е денес заедницата помеѓу фармацевтите и лекарите?
Заедницата е веќе секаде присутна и не само што влијае на функционирањето на здравствениот систем, туку и веќе ги обликува самите концепти за болестите и терапијата за истите. Фармацевтските компании финансираат експерименти каде доктори научници треба да ги извлечат ресултати кои тие ги посакуваат, а потоа професорите на медицинските факултети и медиумите да ги претстават тие неисправни наоди пред јавноста и да ги убедуваат луѓето дека се точни. Лекарите советници за лекови ги креаираат терапиите по желба на произведувачите, додека пак законодавната власт донесува и спроведува закони во нивна корист.

 
Дали некогаш се обиделе и вас да ве подмитат? Дали вие некогаш сте прифатиле некое спонзорирано патување?
Како кај сите лекари, така и кај мене имало такви случаи. Еднаш ми дојде претставник на една словенечка компанија и ми нудеше одредена сум апари за секој пациент кому ќе му го препишам нивниот лек. Го сторив тоа еднаш и никогаш повеќе. Вистина е, сум одела на многу симпозиуми и семинари, но почнав да создавам отпор спрема таа машинерија откако детално почнав да истражувам за тоа. Многу медицински образовни институции велат дека мора да соработуваат со фармацевтските компании поради потребата од финансии. Тоа не е вистина! Еден симпозиум, семинар или конгрес, па и наједноставно предавање може да се одржи поскромно без многу непотребни трошоци, па ќе стигнат финансии за се.
Имате изјавено дека „Фарамцевтската индустрија е отидена до таа мера што кога веќе буквално и снемало болни луѓе, решила да се сврти кон здравите и да ги убедува дека се болни“. Можете ли да ја појасните таа ваша изјава?
До пред 50тина години фармацевтската индустрија можеше да се фокусира на лекувањето на болните луѓе. Но во последниве неколку децении, таа толку се разви, што настана еден вид заситување на компаниите со болните луѓе, па тие решија да се свртат кон здравите.

 
Со какви се методи и модели популацијата на здрави луѓе е претворена во корисници на фармакотерапија?
Постојат повеќе модели. Најчест е моделот на ризик-фактор. Холестеролот е прогласен како ризичен за срцев удар, високиот крвен притисок за излив во мозокот, шеќерот за бубрежни дисфункции и слепило… Луѓето со повишени вредности на овие ризик-фактори сметаат дека се во опасност, па затоа потпаѓаат под фармацевтските кампањи и посегнуваат по нивните лекови како сламка на спасот. Навистина, високиот холестерол и шеќер треба да се лечат, но кај луѓе кај кои овие вредности се во нормалата или ниски, лечењето нема ефект. Постои група од медицински научници кои во соработка со фармацевтските компании постојано ја снижуваат границата на овие вредности, па поради тоа во западна Европа имаме 70% до 80% од постарите луѓе кои имаат вградено некакво срцево помагало.
Кој модел е применет во случајот со остеопорозата? Дали и таа болест е измислена?
Тука постои случај кога младоста се прогласува за здрава, додека староста е болест. Дефиницијата за оваа болест е формулирана во 1994 година, а како нормална вредност за цврстината и еластичноста на коските е земена просечната вредност кај жените од 20 до 30 години. Поради тоа кај многу жени над 50 години се дијагостицира остеопенија, а кај оние над 70 остеопороза. Мислам дека е сосема легитимно да се обидуваме да ја одложуваме староста колку што можеме, без разлика колку е таа физиолошка и неодложна, но лековите кои ни ги даваат за таа болест на ова подрачје не се секогаш ефективни, а доведуваат и до нуспојави.Ви го пренесуваме во неколку дела интервјуто на д-р Лидија Гајски, специјалист за интерна медицина. Прочитајте што таа открива за целата фармацевтс

Пронајдете не на следниве мрежи: