Д-р Лидија Гајски за фармацевтската индустрија [втор дел]

Вториот дел од интервјуто со специјалистот по интерна медицина, Лидија Гајски, за бизнисто на фармацевтската индустрија. Во претходниот дел таа образложи како всушност денес фунционира фармацевтската индустрија, и како лековите на одредени компании се одобруваат и пуштаат во продажба. Исто така изнесува и информации за тоа кои болести се измислени и наметнати на здравите луѓе со цел поголема продажба на лекови. 
Имаме ли уште примери на „измислени“ болести?
Секако. Болестите се измислуваат се со цел квази-научните истражувања да докажат дека одреден лек е ефикасен за одредени состојби. Тоа може да се физиолошки состојби и минливи работи. Но, се прогласуваат за болести. Хеликобактер пилори, бактеријата која живее во желудочната слузница, е прогласена за болест, и лековите против неа до крајот на деведесетите години станаа едни од најпродаваните. Исто така социјалната фобија е новоизмислена болест која се третира со антидепресиви. И произведувачите на препарати против опаѓање на косата настојуваат ќелавоста да ја прогласат за болест.
Велите дека со помош на влијателните, но и подмитените лекари и научници се проширени границите на болестите. Можете ли да ни го објасните тоа?
Сценариото е веќе познато. Фармацевтските компании плаќаат на научниците за во нивните експерименти да „откријат“ дека лекот е ефикасен против одредени болести. Потоа потплатениот одбор тие болести кои претходно не се лечеле ги прогласува за патолошки и подложни на терапија. На таков начин се проширија границите за астмата и депресијата. Лековите против холестерол за десетина години од тесен круг на луѓе со срцеви болести преминаа на опширна маса луѓе над 50 години како антиатеросклеротски лекови. Антидепресивите, кои порано се даваа само во тешки случаи на депресија, денес имаат индикации и за најблагите форми на наксиозност.

 
Можете ли да ни кажете за кои болести најчесто се препишуваат непотребни лекови?
На прво место доаѓаат кардиоваскуларните болести. На тоа поле се афирмирал концепт на превенција, па секакви лекови против срцев или мозочен удар им се даваат на здрави луѓе., како лекови против маснотии и шеќер во крвта, некои лекови против згуснување на крвта (аспирин), и ефектот е или минимален или го нема воопшто. На поле психијатрија друштвените и меѓучовечките потешкотии се наведени како болести, па се третираат со разни фармаколошки терапии и постапки, кои немаат никакво дејство и не ги решаваат проблемите.
А што е со депресијата?
Депресијата е типичен пример за медикализација. Од ретка психијатриска болест, таа прерасна во еден од најголемите светски здравствени проблеми. И нормално, право пропорционално порасна и употребата на антидепресиви.
А што со лечењето тумори?
На подрачјето на онкологијата често се употребува непотребан хемотерапија, не само под притисок на фармацевтската индустирја, туку и поради тоа на пациентот и неговот семејство да им се остави надеж дека уште нешто може да се направи за да се оздрави.
  
Имаме ли уште примери на „измислени“ болести?
Секако. Болестите

Пронајдете не на следниве мрежи: