Македонија да има дигитални мамомати во 2015, мислам дека е огромен успех во секој поглед, како за радиолозите, така и за пациентите, вели во емисијата „Здравје“ на РСМ доктор Светлана Темелковска, специјалист радиолог на Клиниката за радиологија и координатор на Националната програма за рано откривање на рак на дојка.Што значи ова за Кавадарци или Радовиш кој исто така доби мамомат?
Како јас го гледам тоа како радиолог. Сме го дискутирале сме го размислувале. Тоа е една национална стратегија, каде што мислам апсолутно дека министерот направи нешто правилно, бидејќи беше одлучено да се овозможи на сите жени во Република Македонија да добијат иста нега. Тоа е основно правило во медицината. Значи да не биде концентрирано само во Скопје, туку да сите жени си добијат соодветна здравствена нега и беше битно да се набават тие мамомати сега бидејќи знаете, ако не се набавеа сега, ако не плачеме по мамомати нема ни да ги добиеме. Мислам дека е одлична стратегија затоа што ние сме народ каде што не секогаш економски можеме да стигнеме до Скопје, не секогаш временски можеме да стигнеме до Скопје. Знаете нема веќе она, работам но можам во работно време да излезам. Така да мислам дека купување на мамомати за цела Македонија е одлична, да не се мешам во стратегијата на министерот меѓутоа за мене како радиолог е одлична можност да сите жени добијат иста нега.
Неодамна на социјалните мрежи, можеа да се забележат најразлични коментари од позитивни, дури и негативни критики дека во 21 век се промовира мамомат односно мамограф. Кој е вашиот коментар, дали е задоцнето, можеби требало порано или е во нормално време согласно здравствените политики и сосотојбите во здравството во Република Македонија?
Толку многу работи требаше да бидат направени пред многу години. Јас мислам дека ова е одлично, одма ќе ви кажам и зошто. Јас бев во 2007 во Шведска, тогаш немаа се уште дигитални мамомати. Значи пред десет години една Скандинавија немаше дигитални мамомати. Така да Македонија да има дигитални мамомати во 2015, мислам дека е огромен успех во секој поглед, zа радиолозите, за пациентите.Што значи ова за Кавадарци или Радовиш кој исто така доби мамомат?
Како јас го гледам тоа како радиолог. Сме го дискутирал