ДА, јас сум проститутка и еве како ќе му го објаснам тоа на своето дете!

„Мојата ќерка наскоро ќе наполни 4 години. Денес ми предложи да облечам едни чевли кои ги добив од муштериите. Ме праша дали ми се за танцување, и реков дека ми се за тоа. Сакаше да знае дали во нив работам и и кажав дека е така“, вака ја започна својата приказна сексуалната работничка Ели Стејнџер, која објаснува како на својата ќерка и соопшува со што се занимава.Јас не сум како повеќето вработени мајки и татковци: Не работам 5 дена во неделата, од 9 до 5. Така што излетите во парк, прошетките во музеј и на плажа можат да се случат во било кое доба на денот или неделата. Заработувам многу добро и можам да и обезбедам се што ќе посака. Можам да платам бебиситерка, кога е потребно, но не морам да ја носам во градинка и да ја гледам само навечер и за викенд.
Некои луѓе се согласуваат на тоа само за на децата да им обезбедат иднина, но јас не. Точно е дека некогаш во едната рака ја држам неа, а со другата ги проверувам пораките од клиентите, а често и наутро сум многу уморна, но тоа е мој избор и повторно би го направила истото.
Ме гледа додека ги бричам нозете во када, се депилирам со восок на внатрешната страна од бутините и ги чупам веѓите во автомобил. Ме прашува зошто го правам тоа, а јас и велам дека кога си постар можеш да промениш работи на своето тело кои не ти се допаѓаат. И објаснувам и дека таа за тоа сама ќе одлучи кога ќе порасне и дека не мора да го прави истото што и јас.

Се возиме со автомобилот и и ја покажувам на ќерка ми зградата во која работам. И кажувам дека мама тука игра и раскажува вицови и така ги развеселува луѓето. Поминуваме и покрај работното место на татко и , и објаснувам дека татко и продава алишта. Кога стигнавме дома ме праша дали можеме заедно да ги броиме парите. И објаснив како,а потоа ја донесе својата кацичка прасица во која ќе ги стави ситните пари. После тоа миеме раце, бидејќи парите се валкани, „бидејќи го обиколиле цел свет“.
Кога одиме до продавница по пат сретнуваме улични свирачи. Тие прилично ја заабавуваат и постојано застанува да игра. Ја учам како да им даде бакшиш и и кажувам дека убаво е да му дадеш пари на некој кој те прави среќен.
Жал ми е што ќе велат дека нејзината мајка е безвредна ку*ва
Јас ја учам да јаде здрава храна, бидејќи телото е една машина, а зеленчукот е вистинско гориво за неа. Иако таа сака само моркови.
Еднаш се возевме и еден човек застана покрај нас и почна да вика. Прозорот ми беше подигнат и бев скрос преплашена, а ќерка ми почна да ме испрашува. „Не среќо, не знам кој е тој човек. Едноставно некои луѓе им викаат на жените, затоа што не можат да ги разберат. Луѓето понекогаш се плашат од тоа што не го разбираат па затоа така реагираат“.
Жал ми е што ќе расте во свет кој ќе и зборува дека нејзината мајка е безвредна ку*ва. Жал ми е што ќе расте во свет кој ќе и зборува дека нејзиниот татко е животно, бидејќи мажите „не можат да се контролираат“.
Жал ми е што ќе види стотина насловни страници на кои ќе пишува „101 совет за непослушен секс“, а истовремено ќе мора да сфати дека тоа е наменето само за жени кои не се ку*ви.
Жал ми е што за неколку години ќе ја преплашуваат различни луѓе на улица. Што ќе бараат да го видат нејзиното тело или ќе и дишат во врат на автобуска станица. Можеби ќе и пријде некој на банкомат. Жал ми е што такви работи им се случуваат на сите жени, без оглед на тоа како изгледаат и со што се занимаваат. Овие работи им се случуваат на сите, на сите жени. Жал ми е што телевизијата ќе и испраќа контрадикторни пораки за сексот и љубовта. Жал ми е што нејзината убавина ќе ја споредуваат со другите жени. Жал ми е што нејзината убавина ќе ја одредува нејзината вредност.
Мене ме нарекуваат божица, ку*ва, принцеза, ороспија…

„Твојата мајка е гола на интернет. Си ме видела како гола шетам низ домот. Човечкото тело е неверојатна работа. Кога ќе пораснеш ќе научиш дека луѓето сакаат да допираат. Некои од тие допири ги нарекуваме секс. Поради сексот и постојат луѓето.
Жал ми е што ќе раснеш со врсници, кои ќе тврдат дека не можат да замислат нивната мајка да биде ку*ва како твојата. Тоа се истите клинци кои носат облека произведена во земји во кои никогаш нема да отидат и во кои работниците заработуваат едвај цент дневно. Никој нема да те охрабри да станеш стриптизерка, да работиш во ресторан за брза храна или да бидеш работничка во фабрика, а тие занимања се на дното на пирамидата. Да, пирамидата е триаголник, а на врвот е добрата работа. Ефтината работна сила и сексуалните работнички се одвратни, но потребни.
Прочитајте ја исповедта на Сара која го продава своето тело на улица: Некој ќе плати, некој ќе те измлати…Продолжува ТУКА
 
Да, јас сум ти мајка. Јас сум исто така некој кој го нарекуваат – сексуална работничка. Мене ме нарекуваат божица, ку*ва, принцеза, ороспија, исцелителка, уметник. Возрасните кажуваат злобни работи на интернет. Јас не им верувам. Мојот мозок е инструмент. Моето тело е уметничко дело. Тие парчиња кои висат во музеите, тие не се грижат за тоа што луѓето говорат за нив. Моето тело е глина. Јас го обликувам како што сакам.“
Јас сум мајка и работам најдобро што можам. Избрав да бидам сексуална работничка. Би го направила тоа повторно. Жал ми е поради начинот на кој некои луѓе мислат за мене. Жал ми е што некои деца трпат терет поради изборот на своите родители. Мојата работа е да создадам подобар свет за моето дете, на секој можен начин. Јас сум сексуална работничка и тоа е она што ќе му го кажам на моето дете.Јас не сум како повеќето вработени мајки и татковци: Не работам 5 дена во неделата, од 9 до 5. Така што излетите во парк, прошетките во музеј и на

Пронајдете не на следниве мрежи: