Да, можно е: Со овие пет совети и најужасните потпетици ќе бидат удобни!

Нема смисла да се обидуваме да објасниме каква тенка нишка ги поврзува жените и потпетиците. Па дури и оние кои не ги носат можат да потврдат дека има многу убави потпетици и дека нозете во нив изгледаат прекрасно. Една лоша страна е дека нозете по повеќечасовно носење болат многу. Доколку се обидете со овие совети, тоа воопшто не мора да биде така.1.Честа причина за неудобноста на потпетиците е претерано тенката потпетица која на петата предизвикува болна точка посебно по повеќечасовно одржување на балансот. Таквата потпетица се препорачува доколку во нејзе планирате да поминете само два часа, а спас за подолгата прошетка е во потпетиците со коцкаста „блок“ пета. Таквите модели се моментален тренд што е дополнителна причина да ги ставите во својот ормар.
2. Безбеден од овозможува и обувката на платформа и тоа исклучиво поради повишеното газиште како и подебелата потпетица. Оваа сезона голем хит се токму рето моделите на платформа кои се носат со фустани и панталони, па затоа нема причина зошто да не си набавите и вие едни вакви.
3. Моделот на обувки кој ги прекрива прстите ќе спречи лизгање на стапалата кон напред, а со самото тоа и отекување на стапалата. Таквите болни појави обично се случуваат кога дизајнот на предниот дел е направен од тенки ленти.

4. Да ги соблечете потпетиците и да ги замените со друг модел е одлично решение доколку знаете дека ќе поминете подолг период во нив. Грешката која обично ја правиме во намера да ги одмориме стапалата е соблекување, одмор и повторно облекување на истиот модел. На овој начин стиснатото стапало се шири, отекува и станува болно.
5. Насочување на тежината на телото на прстите е едно од најважните правила при одење на високи потпетици. На овој начин тежината на телото инаку насочена на петата се распоредува на целото стапало.1.Честа причина за неудобноста на потпетиците е претерано тенката потпетица која на петата предизвикува болна точка посебно по повеќечасовно одржув

Пронајдете не на следниве мрежи: