Синот на пилотот Омер Мехиќ, еден од седуммината настрадани во падот на хеликоптерот кај Сурчин, даде кратка изјава за новинарите.Тој рече дека „не знае што би рекол, бидејќи ништо не може да го врати неговиот татко.“.
„Тато не пиеше! Тој беше војничиште! Навистина не примаме никого од новинарите, извинете, но толку можам да ви кажам. Разберете…“, кратко изјавил за „Ало.рс“.
Соседите на Омер Мехиќ наведуваат дека тој секогаш бил љубезен и радо се дружел со сите. Еден од нив раскажал дека Мехиќ го повикал на скара во една прилика.
„Внимавајте, скара. Па не постои човек кој покрај скара не би испил барем едно пиво, но не и тој! Тоа до толку ми беше впечатливо – што тој не сакаше со било кое јадење да испие некоја чаша алкохол. Но, го запаметив тој детаљ и затоа мислам дека е срамно ова што му се припишува. Неговото семејство е прекрасно, синовите се деца со кои треба да се гордее, неговата сопруга е дама, а тој е војник каков што учебниците го опишуваат како пример за сите, но…“, навел еден од соседите на Омер.
Генералот Благоје Граховац, поранешен заменик-командант за ВВ и ПВО, изјави дека треба да се повикаат на одговорност сите оние кои се виновни за падот за хеликоптерот.
„Доколку во истрагата се тргне во насока дека некој згрешил во овој случај, а сето тоа поради божемниот впечаток дека институциите си ја работат својата работа, ќе се навлезе во штетите со незамисливи последици. Омер Мехиќ е херој со кого може да се гордее семејството, роднините, пријателите, војската на Србија и државата Србија“, рекол Граховац.Тој рече дека „не знае што би рекол, бидејќи ништо не може да го врати неговиот татко.“.
„Тато не пиеше! Тој беше војничи