Опозицискиот порталот „Плусинфо“ на главниот медиумски стратег на опозицијата Бранко Героски денеска објави информација дека македонски Албанци, претежно од Швајцарија и Германија доаѓаат масовно со авиони за да гласаат во недела, јасно имплицирајќи дека ќе гласаат во полза на СДСМ.На СДСМ и Заев очигледно им годат гласовите од албанската дијаспора, кои како што видовме се гласови за федерализација и кантонизација на Македонија. Заев многу прецизно во Швајцарија го објасни моделот, со кој ги лови нивните гласови, да спроведе кантонизација по швајцарскиот модел и отворање и менување на рамковниот договор.
-Првиот чекор што мораме да го направиме е да направиме уште поголема децентрализација, да ги создадеме регионите. Треба да бидеме растеретени дали има некоја делба по некој процент или математики. Гледам овде едно село е кантон и тоа село си одлучува овде за самото село, рече Заев пред Албанската дијаспора.
Во своето обраќање Заев се осврна и на Охридскиот рамковен договор, за кој вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките.
-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.
Токму лидерот на албанската дијаспора, Љамалари истакна дека со Заев зборувале за федерализација на Македонија и сега кога Заев е пред голем изборен пораз, остана единствено да се надева на албанските гласови кои се гласови за федерализација на Македонија и станување на творба како Косово.
Последните информации велат дека токму Љамалари организирал групи на Албанци од косово и дијаспората со патни исправи издадени од МВР на Оливер Спасовски да доаѓаат и гласаат за федерализацијата која им ја вети Заев.На СДСМ и Заев очигледно им годат гласовите од албанската дијаспора, кои како што видовме се гласови за федерализација и кантонизација на Маке
Пронајдете не на следниве мрежи: