Совети како да не биде се готово за 3 минути…Сексуалните терапевти на прашањето на една читателка која сака да знае како да го натера момчето да трае подолго во кревет, а да не се доведе ни себе ни него во непријатна ситуација. Таа истакна дека и фали подолг секс, каков што имала со поранешното момче, бидејќи сегашното издржува 3-4 минути.
Дај му време: Можно е твоето момче да почне да издржува подолго откако ќе се ослободи од тремата што се јавува при секс со нова личност. Кога се нервозни и загрижени, побрзо доживуваат оргазам, па затоа биди трпелива.
Провери ги своите очекувања: Просечниот секс трае меѓу 3 и 7 минути, а твојот дечко се наоѓа во просекот, додека поранешниот е далеку од просекот. За жените фрустрира тоа што им се потребни околу 20 минути да постигнат оргазам.
Одете полека: Ако си во нова врска, би требало да бидете внимателни и да не брзате. Тоа е една од најчестите причини за ваквата тешкотија кај мажите, бидејќи веројатно и самиот не е свесен дека сексот не трае долго. Затоа кажете му дека сакате секс, но исто така кажете му и дека сакате тој да трае подолго.
Испробувајте разни работи: Сега преоѓаме на работите со кои можете да го продолжите сексот. Мнозинството хетеросексуални парови посветуваат неколку минути на предиграта, а потоа преоѓаат на самиот секс. По сексот се препорачува повторно да се вратите на „предигра“. Мешањето на елементите носи возбудување во сексуалниот живот бидејќи не знаете што ќе се случи следно.
Натерај го различно да пенетрира во тебе: Момците често се одлучуваат за длабока и брза пенетрација, заради што сексот не трае долго. Подобро е да ги комбинирате различните начини на пенетрација: Најпрво длабоко и брзо, а потоа бавно и плитко. Ако тој е оној кој има контрола, кажи му дека сакаш некое време во тебе да влегува полека. Ако не му е јасно, можеш да ја смениш положбата во онаа во која ти имаш контрола.
Предложи му ги најдобрите пози: Некои пози му олеснуваат да издржи повеќе, вклучувајќи ги и оние во кои влегува многу длабоко.
Играјте си семафор: Она што мажите би требало да го сторат кога ќе почувствуваат дека оргазмот се ближи е да направат пауа и да се смират. Проблемот е во тоа што им е незгодно да го направат тоа, а некои го сметаат и за неуспех. Затоа имајте зборови за тоа: Кога партнерот ќе каже црвено, морате да останете целосно мирни, додека другиот е се смири, а потоа да кажете зелено.
Користете играчки: Уште еден одличен начин да земете пауза е со користење играчки. Момчето нека земе пауза, а во меѓувреме нека користи вибратор на тебе. Ако го сакате чувството на пенетрација, нека си игра со прстите или со вибратор.Сексуалните терапевти на прашањето на една читателка која сака да знае како да го натера момчето да трае подолго во кревет, а да не се доведе ни се