„Да рециклираме и да се наградуваме“- наградна игра на Елколект во пет општини

Граѓаните на Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци ќе учествуваат во акција за ослободување од опасниот отпад
Со старите и дотрајани електрични и електронски апарати до вредни наградиКомпанијата Елколект, во соработка со општините на територија на Република Македонија, каде се веќе поставени препознатливите црвени еко магицини на Елколект, востановува пракса за наградување на совесните граѓани кои одговорно се однесуваат со ослободувањето од  електричниот и електронски отпад, а во прилог на зачувување на животната околина и човековото здравје. По успехот на активностите меѓу кои и наградната игра реалзирана минатата година, во општина Битола, Елколект најавува акција за собирање на електричен и електронски отпад во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци
“ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” е името на новата наградна игра која Елколект ја организира во соработка со пет општини на територија на Република Македонија, во период од 28ми ноември до 26ти декември 2016та, со цел подигање на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на електричен и електронски отпад.
Во скопската општина Ѓорче Петров и во Берово, почеток на акцијата e на 28ми ноември, со извлекување на наградите на 19ти декември, во секоја општина поодделно. Во општина Карпош во Скопје, акцијата започнува на 5ти декември, со извлекување на наградите на 24ти декември. Во општините Богданци и Гевгелија, почеток на акцијата е на 5ти декември, со извлекување на наградите на 26ти декември.
За наградната игра “ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” Елколект обезбеди вкупен награден фонд од 15 вредни награди од кои: пет HP лаптопи, пет телевизори Hyundai led smart и пет правосмукалки Горење (по три награди за во секоја од петте оптштини). Според правилата на наградната игра, потенцијален добитник на една од овие награди е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра, во неговата општина, ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијата каде е поставен еко магацинот на Елколект. Доставата може да се реализира секој работен ден.
Граѓаните кои ќе го донесат својот електричен и електронски отпад до еко магацинот на Елколект во својата општина, добиваат купон за учество во наградната игра “ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”. Купонот во кој е впишан реден број, е составен од два истоветни дела. Едниот дел на купонот го задржува учесникот како доказ за учество во наградата игра, а другиот дел од купонот се става во запечатена кутија од која ќе се врши извлекувањето на последниот ден од наградната игра предвиден за посебна општина.
За секој поединечен оставен апарат, учесникот во наградната игра добива по еден купон. Со донесување на поголем број апарати се добива и соодветен број купони, при што се зголемува шансата за награда. Одредени видови опрема и апарти носат и по два купона: големи домашни апарати; опрема за информатичка технологија и телекомуникација; опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, електричен и електронски алат.
Поголемиот број на оставени некорисни и дотрајани апарати ја зголемува можноста за добивање на нов лаптоп, телевизор или правосмукалка.
Локации на еко магацините на Елколект во општините каде ќе се одвива наградната игра
“ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”

Во општина Ѓорче Петров – во  дворот на Општина  и  кај забавното игралиште пред мостот кон Волково,  

Во Берово – кај градскиот пазар

Во општина Карпош – кај ОУ Петар Поп Арсов и ОУ Војдан Чернодрински

Во Богданци – на Ул.Маршал Тито бр.52  

Во Гевгелија – на ул.Моински Пат бр.67  и ул.Ѓорѓи Митров бб

Сите граѓани кои имаат дотрајани, неупотребливи електрични апарати, компјутери, монитори, процесори и други апарати од домаќинството, кои ќе ги донесат на одредените локации во периодот на времетраење на оваа акција во нивната општина, имаат можност да се ослободат од опасниот отпад и да станат потенцијални добитници на награди. Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на Елколект www.elkolekt.mk.
Компанијата Елколект во соработка со општините ја спроведува оваа акција со наградување на совесните граѓани со цел подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се складира овој вид на отпад, имајќи предвид дека електричниот и електронскиот отпад во себе има опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво е да се фрла овој тип на отпад во контејнери, на исто место  со комуналниот отпад.
Во текот на наредната година, Елколект планира реализација на нови акции и наградни игри по другите општини со кои соработува на планот на конкретни решенија за ослободување од електричниот и електронски отпад и подигање на јавната свест кај граќаните за потребата од правилен третман на овој вид опасен отпад.
Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект  сака да се заблагодари на граѓаните кои својот опасен отпад го оставаат на  пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на опасниот отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.Компанијата Елколект, во соработка со општините на територија на Република Македонија, каде се веќе поставени препознатливите црвени еко

Пронајдете не на следниве мрежи: