Додека во некои земји да се биде деверуша е голема чест, во Кина ова е опасна „професија“ која може да заврши и со смрт.Затоа, сѐ помалку девојки прифаќаат да застанат покрај својата другарка за време на свадбата, па невестите мора и да изнајмуваат.
Тоа е така, затоа што деверушите во Кина се чувари на честа на невестата, па наместо неа мораат да пијат големи количини на алкохол. Тоа често доведува до труење со алкохол, а минатиот месец една 28-годишна девојка починала давејќи се во сопствената повраќаница.
Освен што мораат да пијат со секој гостин, девојките често мораат да трпат навреди, па дури злоставување.
Според традицијата, девојките стојат како чувари пред вратата на невестинската соба, во која младоженецот мора да влезе за да може со својата сопруга да ја помине првата брачна ноќ. Младоженците често се пијани и ги навредуваат деверушите, а понекогаш физички ги злоупотребуваат.
Деверушите често подлегнуваат и на физички навреди, како кинење на облеката, а потоа и лижење на банана под присила, пишува „Одити центар“.Затоа, сѐ помалку девојки прифаќаат да застанат покрај својата другарка за време на свадбата, па невестите мора и да изнајмуваат.
Тоа е так