Да се доведе браната Паљурци на работ на егзистенција е израз на неодговорноста и неспособноста на владата на СДСМ

Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов на денешната панел дискусија истакна дека мештаните најдобро знаат за ситуацијата во Дојран и оти кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ во градот има инвестиции, кои пред се се делот на заштита на животната средина.-Кога имаме влади предводени од СДСМ ние сме мало место, немаме доволен број на гласачи, не сме доволно интересни, посочи Стамов.
Вели дека бројката на гласови е иста и кога ВМРО-ДПМНЕ се на власт и кога СДСМ се на власт, додавајќи тоа е многу лоша призма низ која се гледаат работите.
-ВМРО-ДПМНЕ направи еден од најголемите еколошки проекти во Европа, на европско ниво. Да се спаси едно природно езеро не е мала работа, голема инвестиција. Меѓутоа, хидросистемот откако ќе ја исполни улогата на дотур на вода во Дојранското Езеро, нешто што сме при крај, има сосема друга функција, тоа е да служи и за водоснабдување и за наводнување на земјоделските површини од Богданци, па се до Дојран. Ние годинава токму таква потреба имавме и гледаме дека Министерството за животна средина или Владата на СДСМ не може да се справи со така едноставен проблем кој самиот хидросистем е димензиониран. Едноставна операција со вртење на вентили и пуштање пумпи, појаснува Стамов.
Истакнува дека со ова земјоделците се оставаат без вода кога таа им е најпотребна.
-Да се доведе браната Паљурци на работ на егзистенција, односно во мошне лоша состојба е израз на неодговорност и неспособност. Ништо повеќе, ништо помалку, посочи Стамов.
Додаде дека во моментот има доволно вода во Дојранското Езеро, меѓутоа еколошката средина не е вратена на она ниво пред еколошката катастрофа.
 
-Кога имаме влади предводени од СДСМ ние сме мало место, немаме доволен број на гласачи, не сме доволно интересни, посочи Стамов.
Вели дека

Пронајдете не на следниве мрежи: