Да се отфрли албанската платформата- протестите се помасовни!

Организаторите на иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, кои денеска ги обвиткаа спомениците со македонски знамиња и ги повторија барањата за отфрлање на албанската платформа, информираа и дека околу 100.000 граѓани деновиве дадоа поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Граѓаните од цела Македонија се обединија за зачувување на унитарнсота на државата. Покрај во Скопје мирни протести за заедничка Македонија имаше и во  Прилеп, Куманово, Штип, Кичево, Битола, Охрид, Велес, Кочани, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Делчево, Гевгелија, Крива Паланка, Ресен, Радовиш, Пробиштип, Берово и Валандово, а за наредните денови се најавуваат уште помасовни собири.

-Верувавме во македонскиот народ, веруваме дека кога се работи за основните човекови права и интереси ќе се приклучат во огромен број. Верувам дека во понеделник, утре во 17 часот продолжуваме во уште поголем број и тоа ќе го правиме се додека нашите барања не бидат исполнети, истакна денеска Игор Дурловски еден од организаторите на иницијативата.
Богдан Илиевски ги повика граѓаните на масовна поддршка.
-Верувам дека со несмален интензитет се повеќе ќе растеме, бидејќи секојдневно се приклучуваат се повеќе и повеќе луѓе на оваа иницијатива, рече Илиевски.
Тие уште еднаш побараа отфрлање на платформата од Тирана кон која лидерот на опозицијата Зоран Заев има позитивен однос.

Инаку, со албанската платформа, креирана и спроведена од страна на Еди Рама се предвидува воведување двојазичност на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб, примена на албанскиот јазик на парите и воведување казни во износ од 3.000 до 5.000 евра за неупотреба на албанскиот јазик.
Портпаролот на ДИУ Бујар Османи во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М телевизија ги потврдува договорените работи меѓу ДУИ и СДСМ.
Тој истакна дека полицијата ќе добие двојазични униформи, дека се предвидуваат три до пет илјади евра казни за неупотреба на албанскиот јазик, дека банкнотите и монетите ќе бидат на албански.

–Како член 8 од овој закон, и банкнотите и монетите ќе бидат на албански, посочи портпаролот на ДУИ.
Според него, овој закон е за употреба и заштита на албанскиот јазик.
–Овој закон е за употреба и заштита на албанскиот јазик. Тука многу јасно се предвидени механизмите за набљудување на употребата на албанскиот јазик и казнувањето на евентуалното неупотребување на албанскиот јазик. Со прецизни казни се предвидуваат три до пет илјади евра за институцијата, 30% за физичкото лице на таа институција. Дефинирани се сите компетенции на тој инспекторат, но и на агенцијата која ќе го направи стандаризирањето и одбраната, рече Османи.
Во емисијата тој објаснуваше и како ќе се употребува албанскиот јазик и во полицијата, односно дека полициските службеници и службениците во сите институции ќе имаат двојазични униформи.
-Во сите институции на централната и локалната власт, албанскиот јазик односно јазикот на заедницата над 20%, во обвинителството, во сите нивоа на судовите, спомнете било која институција како што е народниот правобранител, Влада, Собрание. На судските седници, ако една од странките е Албанец, странката, адвокатот или судијата, ако еден од било кој од присутните во судска седница  Албанец, целиот процес треба да биде двојазичен, документацијата и актите кои ќе произлезат од тој процес треба да бидат двојазични. Во полиција, на полициските униформи, во Град Скопје и општините каде Албанците се 20 проценти, униформите ќе бидат двојазични, униформите во здравството и сите други униформи, објасни Османи.
Организаторите на иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, кои денеска ги обвиткаа спомениците со македонски знамиња и ги повторија барањата за отфрл

Пронајдете не на следниве мрежи: