Да се прогласи елементарна непогода за житните култури на територија на целата држава поради сушата која предизвика намалени приноси на јачменот за 70 и на пченицата за 50 отсто, а обесштетувањето да биде 30.000 денари по хектар, бара Асоцијацијата на земјоделци.Како што информира денеска на прес-конференција претседателот на Асоцијацијата Ефтим Шаклев, барањето е доставено до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
– Земјоделците не сакаат да имаат привилегии или повластувања, туку сакаат да се утврди фактичката состојба со приносите на житните култури. Бараме комисиите формирани за штетите од градот и поплавите, да ги проценат и штетите од сушата, истакна Шаклев.
Според него, сушата пустоши на македонските ниви, а земјоделците трпат големи штети зашто родот ќе биде десеткуванКако што информира денеска на прес-конференција претседателот на Асоцијацијата Ефтим Шаклев, барањето е доставено до Министерството за земјоделство