Загинал на 6 ноември 1915 година во судир со француските сили во близина на село Криволак. Погребан е во црквата во Ново Село, Штипско.По воспоставувањето на комунистичката власт во Македонија во 1945 година гробното место му било избришано.
Христо Чернопеев е роден на 16 јули 1868 година во селото Дерманци, Ловечко. Дипломирал III прогимназиска класа во Плевен. Одбива редовен воен рок во 17 плевенски полк и во 1899 година останува на служба како подофицер и фелдфебел во 15 ломски полк во Белоградчик. Во истиот полк служи и Борис Сарафов, кој го привлекува Чернопеев во македонското ослободително движење, а тој е меѓу основачите на тајното офицерско братство во Белоградчик.Во август 1899 година Чернопеев ја напушта служба и во септември пристигнал во Солун, каде под раководство на Пере Тошев, Христо Татарчев и Христо Матов четири месеци се занимава со воена обука на членови на ТМОРО.На 14 февруари 1900 година станал четник во четата на Михаил Апостолов – Попето и дејствува во Гевгелиско и Ениџевардарско.Од април 1900 година е самостоен војвода на чета во Кукушко, чија цел, како и на четите на двајца други војводи Марко Лерински и Михаил Попето, е создавање на селски комитети и воена обука на населението. Во четата на Чернопеев поминуваат Михаил Герџиков, Сава Михајлов, Крсто Асенов, Александар Китанов, Петар Китанов, Мирче Икономов, Никола Дечев и други идни истакнатите дејци на ТМОРО.Во февруари 1901 година четата на Чернопеев води голема 14-часовна борба во селото Бајалци во која загинува Мицо Делчев (братот на Гоце Делчев). Во март Чернопеев заедно со Туше Делииванов пристигнува во Софија.Христо Чернопеев, заедно со Крсто Асенов и Јане Сандански учествува во аферата мис Стон во Пирин во 1901 година.Во 1903 година Чернопеев се однесува со резерви кон одлуките на Солунскиот конгрес за кревање на востание. На 24 март 1903 година четата на Чернопеев влегува во Македонија и во април води неколку борби во струмичко и горноџумајско. Потоа се вратил во Бугарија за муниција и оружје и во август повторно влегува во Македонија со 250 лица по избувнувањето на Илинденското востание. Четата му се разделува на три дела. Едната на чело со Петар Самарџиев замина за Тиквеш, а друг дел, на чело со Никола Жеков – за Радовишко. Чернопеев води неколку борби со отомански сили во септември на крајот на востанието, по што се враќа во Бугарија.По востанието е војвода на чета во Кукушко, каде обучува идни војводи на Организацијата.Во октомври 1905 година е делегат од Струмичкиот револуционерен округ на Рилскиот конгрес.По Младотурската револуција во 1908 година се легализира. Во април 1909 година четите на Чернопеев и Сандански учествуваат во походот на младотурците во Цариград против контрареволуционерите. Во 1909 година станува еден од основачите на Народната федеративна партија и влегува во нејзиното раководство. Сепак, во декември 1909 година, струмичките дејци ја напуштаат партијата и Чернопеев заедно со Константин Самарџиев Џемото и поранешните врховистите Михаил Думбалаков и Кочо Хаџиманов, стануваат нелегални, го обиколуваат Струмичко за да ја обноват организaциската мрежа во округот. При тоа, Чернопеев пишувал остри писма до Сандански обвинувајќи го за попустливост и соработка со младотурците.Во почетокот на 1910 година Чернопеев заминал за Бугарија и привремено бил интерниран во Дерманци на инсистирање на османските власти, но наскоро Чернопеев со своите истомисленици повторно се сретнал во Софија.Во 1910 година Чернопеев ја основал Бугарската народна македонско-одрински револуционерна организација заедно со Апостол Петков и Тане Николов. Во 1910 година влегол во Македонија, заедно со војводите Ичко Димитров и Апостол Петков.Во 1911 година, откако БНМОРО и ВМРО (Автономистичка) се обединиле, Чернопеев со Тодор Александров и Петар Чаулев е избран за член на ЦК, како резервен член влегол Александар Протогеров од поранешниот ВМОК.По избувнувањето на Балканските војни, Чернопеев е на чело на Втората посебна партизанска чета на Македонско-одринското ополчение и учествувал во борбите за Банско, Мехомија и Кавала заедно со Јонко Вапцаров, Пејо Јаворов и Лазар Колчагов.Подоцна служел во 3 чета на 4 Битолски дружина. Награден е со орден За храброст ІІІ степен. Зел учество во насилното покрстување на помаците во Драмско и Неврокопско во текот на зимата 1912 година.За време на Втора балканска војна, заедно со четата ги помага активностите на XXVII Чепински и XVIII Стремски полк во борбите во село Конче, Радовишко. До крајот на војната останува на располагање на командата на II бугарска армија. Поради воените своите заслуги кон Бугарија е промовиран во прва офицерска титула поручник.Станал народен пратеник, но во 1915 година го напуштил парламентот и како резервен капетан оди на фронт. За време на Првата светска војна бил командант на I чета на VI полк на 11 дивизија.Загинал на 6 ноември 1915 година во судир со француските сили во близина на село Криволак. Погребан е во црквата во Ново Село, Штипско.По воспоставувањето на комунистичката власт во Македонија во 1945 година гробното место му било избришано.