Изминативе денови, низ медиумскиот простор проструи една петиција со која се бара Архитектонскиот факултет да застане во одбрана на Скопје. Да се одбранело „она што останало од градот.“ Скопјани да кажале НЕ на Скопје 2014, НЕ на „нагрдувањето“ на градот, на рушењето на неговиот идентитет и градската автентичност. Требало, да се каже НЕ на новиот изглед и лик на Скопје. Протестантиве најавуваат граѓански отпор и непослушност пред законот, доколку, се разбира, не ги сослушаме и поддржиме. Пред јавно да ги осудам, морам прво јавно да ги прашам: на кој морал и на која етика се повикуваат овие луѓе?! На кои хумани, ненасилни идеали се повикува Вашиот разум? Па никој не Ви го руши Скопје, никој не Ви го деградира градот. Напротив, Скопје се гради и се обликува за да го заслужи епитетот метропола. Што е тоа од коешто треба да се брани денешно Скопје? Кои се тие градби или архитектонски целости кои треба да се остранат, а кои треба да се разместат? Сигурен сум почитувани, дека сте се запрашале и ова: кое е тоа Скопје што треба да се брани? И од кого, се разбира. Дали треба да се брани она „социјалистичко Скопје“? Да, мислам на она Скопје на квазиархитектурата, на урбанистичкиот аматеризам, несвојствен и за полоши земји од нашата. Еве, ќе тргнам од Вашата перцепција која вели дека ова е тотално забеган, погубен проект за Скопје. Оваа визија била една „ужасна квазиархитектура“. Далеку од тоа дека се сложувам со беднава флоскула, ама ајде, ќе пробам да Ве разберам. Кои се тие работи кои Вам ви пречат: на уметниците, интелектуалците, политикантите, или пак профитерите?! Јас до ден денес, не добив ниту еден издржан и аргументиран одговор на ова суштинско прашање. Очигледно е, почитувани, дека на некои луѓе им пречи нешто (само) зашто тие не учествуваатво истото, или пак им пречи тоа што некој има реална визија, нешто што тие го немаат. Никој, од овие самопрогласени експерти по сештологија, не ни понудил ниеден контра проект, ниедна поразлична, можеби подобра визија за изгледот на модерно Скопје. Сѐ што сториле овие плукачи, сѐ што направиле тие, се сведува на само една, единствена работа: плукање. Плукање по своето, кукање од своите. Овие луѓе-плукачи, овие луѓе-патетичари го изгубиле сиот морален капацитет и кредибилитет. Еден странски новинар, во статија за Скопје 2014, ќе нагласи: „Никој не ви ја гледа кујната, сите ви ја гледаат куќата.“ Почитувани, јас сум охриѓанец, човек кој во главниот град живее веќе три години. За некои премалку, за некои премногу, за мене сосема доволно да се почувствувам дел од Градот – симбол на Солидарноста. Ќе ви образложам, зошто јас, Павел Донески, го поддржувам и поттикнувам Воскреснувањето на Главниот град. Кога пред 13 години, во мојот град, во Охрид, се вложија милионски суми во Античкиоттеатар, во Самоиловите тврдини, во еден Плаошник, сегашните плукачи, плукаа итогаш. Исто како сега. Денес пак, ги гледаме се фотографираат и гордеат со туѓи перја. Тоа е нашата трагедија, почитувани присутни. Истите луѓе, истите ликови, истите анационални типови, повторно ни солат памет. Тогашните кочничари глумат денешни прогресивци. Регресивците станале напредни. Врти-капите ќе биле сигурни и доверливи. Не, не и не! Јас верувам во ново Скопје, во едно модерно Скопје. Јас верувам во Скопје како македонска и европска метропола! Вистината почитувани, онаа апсолутната, не постои. Вистина е она во што самите ќе одберете да верувате.
Автор: Павел ДонескиИзминативе денови, низ медиумскиот простор проструи една петиција со која се бара Архитектонскиот факултет да застане