Преговараме веќе 50 години во Обединетите нации, но Грците со помош на ЕУ не изигруваат, а ќе ја изиграат и Македонија, вели Ездил Нами, министер за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар.И покрај тоа што со екс-генералниот секретар на ООН Кофи Анан, кипарските Турци се согласија на договор со своите грчки сограѓани за обединување на Кипар, Грците пред десет години го изиграа договорот и според екс-комесарот за проширување, Ферхојген, со лага и измама го внесоа јужниот дел на Кипар во Европската унија.
За проблемите со кои се соочува Турската Република Северен Кипар при негирањето на нејзиното постоење со Резолуција на Советот за безбедност на ООН, за петдецениските преговори со кипарските Грци и нивните тактики, како и за тоа што може да ја очекува Македонија која „само” 20 години преговара под капата на Обединетите нации со Грција, шефот на дипломатијата на Северен Кипар Ездил Нами говори во интервјуто за МИА.
Познато е дека Кипар е поделен на два дела, но сите говорат за другиот дел на Кипар кој е признаен и членка на ЕУ, но никој во меѓународната заедница не сака ниту да говори за ситуацијата во Турската Република Северен Кипар. Има недостаток на информации за приказната на Северен Кипар, како е создадена и како функционира оваа непризнаена држава на европската територија?
„Во 60-тите години на минатиот век, Кипар стана независна држава, а дотогаш беше британска колонија. Британците си заминаа и основана е Република Кипар од страна турските и грчките Кипрани. Тоа беше договор за поделба на власта. Но, по три години, политичкото лидерство на грчката заедница на Кипар одлучи да не го почитува договорот за поделба на власта, сакаа истиот да го променат и предизвикаа меѓуетнички конфликт. Тој судир настана во 1974 година, кога паравоените сили на грчките Кипрани организираа државен удар за со сила да го обединат целиот остров кон Грција. Тогаш интервенираше Република Турција и така островот се подели на два дела. Сите Турци кои живееја на Кипар се преселија во северниот дел на островот, додека Грците се преселија на Југот. Оттогаш, јужниот дел на Кипар го предводи грчко-кипарска Влада, а на Северот владее турско-кипарската заедница. Во северниот дел на островот, низ годините турските Кипрани формираа свој парламент, сопствени дмеократски институции и како и насекаде низ демократскиот свет, ние одржуваме редовни демократски избори.“
Какво е политичкото уредување на Турската Република Северен Кипар?
„Имаме парламентарен систем, не претседателски. Иако имаме и претседател, вистинската моќ е кај премиерот и парламентот“.
Сепак, само една држава во светот ја признава државноста на вашата земја.
„Да, само Турција ја има признато Турската Република Северен Кипар и една третина од буџетот на нашата држава го покрива Република Турција“.
Зарем е доволна турската помош? Од што ги полните останатите две третини од буџетот на ТРНК?
„Наш главен извор на приход, покрај финансиската помош од Турција, е и универзитетскиот сектор, имаме осум Универзитети со повеќе од 60 илјади студенти од целиот свет. Вториот сектор е туризмот и третиот сектор е земјоделството, цитрусни овошја и извоз на грозје, како и производство на млечни производи, како сирење и слично. Значи, сето ова се главни извори на приход. Бројот на населението во нашата држава изнесува околу 400.000 лица и личниот доход по глава на жител изнесува 12.000 американски долари“.
Еврокомесарот Ферхојген призна дека Грците лажат и мамат
„Зошто остатокот од светот лесно ја проголта грчката „вистина” за островот и сите го признаа јужниот дел на Кипар, иако и светската историја потврдува дека сите проблеми на Кипар настануваат со упадот на грчката хунта на островот? Во 1974 година, исто така е неспорно дека Армијата на Република Турција се вмешува со цел одбрана на турското малцинство, поради протерувањата и масовните убиства од страна на грчката хунта, но тоа се гледа како окупација, а не и влетатувањето на војниците од Грција? Капак на се и покрај тоа што не исполнуваше ниту еден услов, во 2004 година овој дел од поделениот остров беше примен во Европската унија!“
– Така е! Се започнува во 1964 година, кога паравоените сили на грчко-кипарската заедница го нападнаа турските Кипрани, при што турско-кипарската заедница претрпе големи човечки загуби. Во тој напад, грчките Кипрани беа четирипати побројни од турските Кипрани! Затоа, крвопролевањето мораше итно да биде сопрено и се донесе Резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации да се испратат мировни сили и да престане да се пролева крвта на турските Кипрани.
Грците формираа Влада, која не беше легитимна оти ја претставуваше само едната страна, па во 1974 година, со обидот за државен удар на грчките Кипрани, рагираше турската армија, а ОН формираа “зелена зона” која и денеска го дели островот на Јужен и Северен Кипар. Бидејќи Советот за безбедност се обраќа кон грчко-кипарската администрација како Влада на целиот Кипар, оттогаш, јужниот дел на Кипар е прифатен како легитимна Влада на целиот Кипар и тоа покажува колку нефер се светските политички аранжмани. Ние бевме истиснати со сила на на оружјето, а администрацијата која тоа го стори беше прифатена како легитимна Влада, за потоа да се испратат мировни сили со обезбедена осгласност од нивна страна. Тој проблем се уште трае оти целиот свет нив ги признава како легитимна Влада, па дури и успеаја да станат дел од Европската унија, иако пред приемот во Унијата, ние кажавме “да” за обединување на Кипар, а тие кажаа „не”.
Ездил Нами е министер за надворешни работи на Турската Република Кипар од 2013 година. Пред 47 години, тој е роден во Лондон како дете на кипарски емигранти. Има дипломирано за бизнис-амдинистрација на Универзитетот во Истанбул, а магистрирал на истата тема на славниот Универзитет “Беркли” во Калифорнија (САД). Од 1999 година, Нами започнува со политички ангажман во рамки на ТРНК, каде најпрво бил советник на тогашниот претседател Рауф Бенкташ, а потоа бил претставник на Северен Кипар во Парламентарното Собрание на Советот на Европа (2004-2008), специјален претставник на претседателот Талат во преговорите водени од Обединетите нации за решавање на кипарското прашање (2008 – 2010)и потпретседател на Комитетот на ЕУ за хармонизација во Собранието на Турската Република Северен Кипар.И покрај тоа што со екс-генералниот секретар на ООН Кофи Анан, кипарските Турци се согласија на договор со своите грчки сограѓани за обединување на