Дачиќ: Големи проблеми во дијалогот со Косово

Српскиот премиер Ивица Дачиќ оцени во средата дека во дијалогот со Косово на повидок се големи проблеми и дека никаков нови договор, ниту, пак, спогодба сé уште не се наѕираат, како и дека во моментов нема за што да му поднесе извештај на парламентот за досегашниот тек од разговорите.Претседателот на владата на Србија и истовремено министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека има длабок тежок проблем, и ги обвини албанските власти во Приштина дека не се согласуваат со ништо.„Нема договор, бидејќи приштинската страна не прифаќа и не сака да разговара заедницата (на српските општини на Косово) да има каков и да е инструмент на власта“, рече Дачиќ за медиумите, поп состанокот со министрите за внатрешни работи на Австрија и на Унгарија.Со резолуцијата и платформата за решавање на проблемот со Косово, што српскиот државен врв го усвои во јануари, премиерот Дачиќ е обврзан да го извести парламентот за текот на преговорите со Приштина, меѓутоа тој истакна дека тоа ќе го стори „кога ќе има за што да се зборува“.Според него, претставниците на Косово сметат дека Србија ќе прифати сé само за да добие датум за почетокот на пристапните преговори со Европската унија.„Па нема…. бидејќи ние ова не го правиме поради датумот, туку сакаме да го решиме проблемот со компромис“, нагласи Дачиќ кој го сфаќа компромисот како „секој да добие по малку од она што не го сакал“.Српскиот премиер оцени дека датумот за почеток на преговорите со ЕУ треба „да биде оставен настрана, иако би било добро да го добиеме“.
МакфаксСрпскиот премиер Ивица Дачиќ оцени во средата дека во дијалогот со Косово на повидок се големи проблеми и дека никаков

Пронајдете не на следниве мрежи: