Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ соопшти дека лидерот на СДСМ и македонскиот мандатар Зоран Заев со своите изјави ги нарушува односите меѓу Белград и Скопје.-Навредите кои Заев ги упатува кон српското раководство секако ќе влијаат на нашите билатерални односи, наведува Дачиќ.
-Србија не се меша во внатрешните работи на други држави, исто така Србија сака добри односи со соседите, но изјавите на Заев се во целост во спротивен тон. Србија сигурно нема да му дозволи никому, па ни на Заев, да ја понижува. Односот кон властите во Скопје во иднина ќе биде реципрочен на нивниот однос кон Србија, заклучува Дачиќ.
Заев претходно изјави дека е непријатен начинот на кој Србија ги коментира случувањата во Македонија. Реакции од српските државници следуваа и по изјавата на Заев дека во Србија на власт е „националистичко раководство“.
Ваквите изјави на лидерот на СДСМ почнаа да ги затегнуваат досега одличните билатерални односи со соседна Србија.-Навредите кои Заев ги упатува кон српското раководство секако ќе влијаат на нашите билатерални односи, наведува Дачиќ.
-Србија не се меша