Додека претседателот на Собранието Талат Џафери го крши Уставот, СДСМ тоа го одобрува и дополнително го фали собранискиот спикер за таквите постапки.Талат Џафери го крши Уставот обраќајќи се на албански јазик од претседателското место во Собранието. Џафери според Деловникот има право да го користи албанскиот јазик, но само ако доколку се обраќа од пратеничката говорница, а не од спикерското место, коментираат експертите. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски го повика пратеникот Џафери да ги почитува законите, барем до моментот додека она што го имаат договорено со СДСМ, не го преточат во законска одредба.
-На почеток на ова Собрание и на оваа седница почнувате да го кршите деловникот и законот за употреба на јазиците. 2008 година заедно со СДСМ и ДУИ и 2011 година потоа, овој закон имаше свои амандмани, во членот 1, став 3 пишува дека службен јазик во Собранието на Република Македонија е македонскиот, во став 2 пратеникот кој зборува различен јазик од македонскиот, а кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија може на седница на работно тело да зборува и на седница на Собрание исто така на својот мајчин јазик. Пратеникот кој зборува различен јазик од македонскиот, според став 3, а го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија, може на тој јазик да претседава и со седница на работното тело, но Собранието и пленарната седница не се работно тело. И апелираме овој закон да се почитува од сите пратеници и од пратеникот Талат Џафери, барем до моментот додека она што го имате договорено со СДСМ, не го преточите во законска одредба, изјави Милошоски.
Милошоски кажа дека оваа седница на Собранието почнуваат со една голема политичка, недемократска дамка, која што ќе остане да виси над пратеникот Талат Џафери, бидејќи тој е досега единствениот што прифати една улога на недемократски начин, на нелигитимен начин, на нелегален начин, на едно скришно, неделовничко, надвор од седници и од заседание гласање, да биде октроиран претседател на Собранието.
-Втората работа што сакам да ја напоменам, е дека ова Собрание и оваа седница за жал, почнуваат со една голема политичка, недемократска дамка, која што ќе остане да виси над пратеникот Талат Џафери, бидејќи тој е досега единствениот што прифати една улога на недемократски начин, на нелигитимен начин, на нелегален начин, на едно скришно, неделовничко, надвор од седници и од заседание гласање, да биде октроиран претседател на Собранието. Затоа ние вас ќе ве почитуваме како пратеник во Собранието, избран од граѓаните, со верификуван мандат, како што сите ние имаме мандати и сме должни да бидеме тука и да работиме во интерес на граѓаните, но ништо повеќе од тоа, затоа што сами влеговте во игра заради свои лични кариерни амбиции, да го кршите деловникот и да направите еден таков недемократски чин, кој за жал следуваше и со одредена ексалација на тоа незадоволство од овој законодавен дом, изјави Милошоски.
Џафери ако сака да се обраќа на албански треба тоа да го прави од пратеничката говорница
-Точно е дека, како пратеник, господинот Талат Џафери може во Собранието да се обраќа на својот мајчин јазик. Но, во тој случај, треба да се обраќа од говорницата што е предвидена за обраќање на пратениците, а не од говорницата предвидена за претседателот на Собранието, пишува професорот Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук профил.
Цуцуловски додава дека доколку не се постапува така, доколку господинот Талат Џафери од говорницата, која е предвидена за Претседателот на Собранието, се обраќа и како претседател на Собранието и како пратеник, тогаш не ќе се знае која е претседателската говорница, а која е говорницата за пратениците.
-Односно, една иста говорница, во еден час ќе биде говорница на претседателот на Собранието, во некој друг час ќе биде говорница на пратеник и – зошто да не? – и на другите пратеници, бидејќи ако нешто важи за еден пратеник, тогаш зошто тоа нешто да не важи и за другите пратеници? Тоа значи дека не ќе се знае кога некој говори во функција на претседател, а кога говори како пратеник. Меѓутоа, тоа е чекор кон хаос. Хаосот, пак, е чекор кон политичка и раководна шизофренија. Кон што ќе крене Република Македонија ќе се види наскоро, пишува тој.
СДСМ го одобрува кршењето на Уставот и го фали Џафери
Додека претседателот на Џафери го крши Уставот, СДСМ тоа го одобрува и дополнително го фали собранискиот спикер за таквите постапки.
-Задоволство ми е што после 8 години можам да кажам од оваа говорница дека го почитувам претседателот на Собранието на Република Македонија што не беше случај во изминатиот период за претходниот претседател на Собранието, рече пратеникот од парламентарното мнозинство, Горан Мисовски.Талат Џафери го крши Уставот обраќајќи се на албански јазик од претседателското место во Собранието. Џафери според Деловникот има право да го корис