Дајте ѝ повеќе моќ на музиката со новите безжични преносливи звучници од Сони

Новите, преносливи безжични звучници од Сони ќе го направат пуштањето на вашите омилени песни уште полесно и подобро.Со нивниот компактен дизајн, новите звучници СРС-Х11, СРС-Х33 и СРС-Х55 комбинираат моќен квалитет на звукот со безжично поврзување преку Блутут и НФЦ за да може да се поврзете со вашиот мобилен уред и да пуштите музика, па дури и да одговорите на повици. Двата модели, СРС-Х33 и СРС-Х55 ја користат ЛДАЦ технологијата на Сони која овозможува пренос на 3 пати повеќе податоци за разлика од безжичната технологија која се користи во моментов. Дополнително, комбинацијата на Сони С-Мастер, ДСЕЕ и КлиарАудио+ технологиите го подобруваат басот и чистината за уште побогат и подобар квалитет на звукот.
Со димензии од 6 сантиметри, моделот СРС-Х11 комбинира моќност од 10В со два пасивни радијатори овозможувајќи богат и длабок бас. Доколку сакате повеќе, искористете ја функцијата за додавање на звучник и поврзете два СРС- Х11 уреди заедно за двојна моќност на звукот или пак стерео звук.
Моделот СРС-Х33 со моќност на звучникот од 20В со два канали и два пасивни радијатори овозможува подлабока репродукција на басот за слободно да го засилите гласот на звучниците без никакво изобличување на звукот.
И двата модели, СРС-Х11 и СРС-Х33 имаат батерии на полнење кои траат до 12 часа уживање во безжична музика.
Моделот СРС-Х55 достигнува едно целосно ново ниво на квалитет во однос на компактните звучници. Со 2.1 каналниот систем и двата пасивни радијатори, овој модел продуцира звук со моќност од 30В. Батеријата на овој звучник може да трае до 10 часа.Со нивниот компактен дизајн, новите звучници СРС-Х11, СРС-Х33 и СРС-Х55 комбинираат моќен квалитет на звукот со безжично поврзување преку

Пронајдете не на следниве мрежи: