Францускиот мотоциклист Томас Буржан, во петокот го загуби животот на Дакар релито, откако имал судар со чилеанско полициско возило.
Официјални преставници на релито изјавиле дека до трагичниот инцидент дошло, кога Буржан патувал од Калма до Андите каде бил предвиден стартот на седмата етапа, во која возачите од Чиле ќе преминат во Аргентина. Истите извори објавија дека до сударот дошло бидејќи полициското возило се движело во спротивна насока. 25-годишниот, Буржан годинава дебитираше на Дакар релито. Францускиот мотоциклист е трета жртва на годинешното рели, претходно две лица настрадаа кога нивното такси возило се судри со возилото за поддршка на возачите. Овој инцидент се случи во средата во Перу, во близина на границата со Чиле. Во досегашната, 34-годишна историја на Релито Дакар, загинале 60 луѓе, од кои 20 биле гледачи.
МакфаксФранцускиот мотоциклист Томас Буржан, во петокот го загуби животот на Дакар релито, откако имал судар со чилеанско пол