Девојката од руски Крстур објави снимки на YouTube од манијакални закани кои и ги упатил М.М. ( 28 ) , бидејќи се јавил на нејзиниот оглас во кој таа барала цимерка , а таа го одбила, поради неисполнување на условите.Глупачке што молчиш? Ќе ти ги искршам коските кога ќе те најдам, Што си? Унгарка? Што бараш во Србија, глупачке? Треба сите да ве утепам. Слободно пријави ме, ќе видиш тек тогаш како ќе си поминеш – е само дел од шокантното видео од телефонската тортура која веќе дена ја трпи28 годишната Б.Р. од Крстур.
Тортурата продолжила и откако на интернет објавила фотографија од несудениот цимер и телефонските броеви од кои ги добива повиците, а преплашената девојка дополнително ја обесхрабри и префрлањето на надлежностите на полицијата од Каца кае што тој живее, до Нови Сад каде што таа живее и работи, до кулата каде каде што таа побегнала од заканите кај своите родители.
Пеколот за 28 годишната девојка започнал откако пуштила оглас дека бара цимерка.
Прво звучеше пристојно, а потоа започна пеколот.
„За да ја избегнам непријатноста, потенцирав дека барам женска личност. Се јави машки глас. Звучеше пристојно. Се претстави како М.М. и јас му се претставив, и му објаснив дека не ми одговара цимер. Не ни можев да претпоставам што ќе се случи. Ми прати понуда за пријателство на ФБ и ми испрати неколку пораки, дека сака да го види станот, да се видиме, и тн. Продолжи со тоа, а подоцна и го избришав од листата на пријатели. Тогаш започна пеколот. Во текот на неколку часа ми се јави повеќе од 20 пати. Стотина повици и преку ден и навечер. Кога ќе се јавам молчам и слушам навреди, вулгарности и закани. Веќе со денови не одам на работа, се вратив кај родителите во Руски Крстур и чекам да видам дали манијакот ќе ги оствари своите закани. Во меѓувреме ми се јавија уште жени кои биле жртви на истиот манијак, меѓу кои е и една мајка на малолетно девојче кое М.М го малтретирал преку Фејсбук. Дознав дека воопшто не бара стан, туку бара жртви.“-раскажува видно вознемирената Б.Р. која на Јутјуб напишала „ако нешто ми се случи, да знаете зошто, како и кој.“
Сомнежот дека полицијата ќе спроведе итна интервенција делумно го потврдила кога одлучила да го пријави случајот.
Кoга некој ќе реагира?
„Најпрво од полицијата во Нови Сад ме упатија во полицијата во Каќа бидејќи тие биле надлежни за Ковиљ, местото каде живее М.М. Од таму ме пратија за Нови Сад бидејќи таму сум била кога ми беа упатени заканите. И драмата продолжуваше… Затоа решив да напишам и на Фејсбук: „со ова само сакам да прашам „некој кој е надлежен“ – кога ќе реагира некој и ќе ги запре малтретирањата кои ги трпам?“
Телефонот на кој ги прима заканите не го исклучила.
„Од една страна се плашам дека тоа ќе го натера да ме најде, а од друга страна – тоа е мој службен број. Ионака веќе животот ми стана пекол. Се вратив кај родителите, не работам и не излегувам од дома. Не можам да спијам. Сега ми се заканува со приватна тужба поради објавеното видео,“ вели Б.Р и додава дека и откако сето ова се дозна во јавноста и полицијата, тој не престанал со малтретирање, сега и се јавува со прикриен број.
„Го деактивирал и ФБ профилот и мобилниот телефон. Остана само фиксниот, вели Б.Р.
На фиксниот број кој исто така го објавила на интернет, вчера се јавила жена која рекла дека не знае за никакви закани и снимки на интернет и дека М.М не живее таму, како и дека не знае каде се наоѓа.Глупачке што молчиш? Ќе ти ги искршам коските кога ќе те најдам, Што си? Унгарка? Што бараш во Србија, глупачке? Треба сите да ве утепам. Слободно



