Дала отказ од банката за да го прошета светот: „Се чувствувам ПОБОГАТА“!

Во 2012 год., Кристин Едис го напуштила работното место на финансиски менаџер, на кое заработувала огромна сума пари. Но, таа не била задоволна од својот живот.„Ми беше многу тешко бидејќи имав право само на 14 дена одмор во годината“,  вели таа.
„Одевме мртви болни на работа бидејќи не сакавме да го потрошиме одморот на боледување. Дури и ако сакавме, не можевме наеднаш да ги земеме сите денови. Се сеќавам дека си помислив: Зошто ми се сите овие пари ако немам можност да ги потрошам на она што го сакам?“, вели Кристин.
Наскоро, таа купува еднонасочен билет за Тајланд, и оттогаш постојано патува низ светот.
29-годишната Кристин го споделува искуството што го стекнала објавувајќи книга насловена: „Водич во соло патувања за девојки“.
Со заработката од книгата, вебсајтот, како и заработката од соработувањето со некои туристички одбори, Кристин сега заработува околу половина од претходната плата што ја добивала во банката. Но, таа е многу посреќна.
„Верувам дека многу луѓе ќе се сложат со мене дека највредните работи на светот не се парите, туку слободата и времето“, вели таа. „Се чувствувам многу побогата бидејќи сретнав многу нови луѓе и уживав во времето поминато правејќи го она што го сакам. Богатството е сосема субјективна работа“.
Затоа, поминете го слободното време правејќи го она што го сакате, и опкружени со оние кои ги сакате.„Ми беше многу тешко бидејќи имав право само на 14 дена одмор во годината“,  вели таа.
„Одевме мртви болни на работа

Пронајдете не на следниве мрежи: