Дали постои доказ дека Александар Македонски и Цар Самуил зборувале на ист јазик?
Книгата за Грците и Македонците која е објавена во Венеција во 1532-та година содржи интересни факти кои укажуваат дека Македонците отсекогаш го зборувале јазикот којшто го зборувале и во 1525-та година.
Оваа книга се чува во НУБ „Св.Климент Охридски”, а професор Винко Прибојевич, користи голем број цитати од грчки и латински писатели, во кои тврди дека Македонците отсекогаш го зборувале јазикот којшто го зборувале и во 1525-та година, кога тој ја пишувал својата книга. Според него, Македонците живееле на овие простори и во 16-от век, како што живееле и во вековите што претходеле. Примерок од оваа книга бил пронајден уше во 1922-та година од страна на академик Новак Грга.
Грга во тоа време претставувал исклучително учен човек и одлично ја познавал античката историја. Бидејќи бил добро упатен во историјата на Балканскиот полуостров, кој патем тој го нарекува Македонскиот полуостров, Прибојевич во својата книга користи голем број изворни податоци, кои ги собрал по тогашните библиотеки, архиви и доминикански манастири.
И според цитатите, и според она што професорот го открил истражувајќи ја историјата, а врз основа на разликите во говорот меѓу Македонците и Грците, сосема е јасно дека
Македонците никако не можат да бидат Грци, не знаат грчки, туку и тогаш, и секогаш, само својот мајчин, македонски јазик.
Според фактите кои ги содржи книгата, Македонците го зборувале истиот јазик што го зборувале пред 1500 години пред објавувањето на книгата.
„Затоа што некои писатели тврдат дека Македонците треба да се вбројуваат во Грци, како приговор изнесувам едно мислење на Квинт Курциј од неговата книга „Делата на Александар Велики”, вели еден од професорите во книгата.
Тој појасно од сонце го разликува македонскиот јазик од грчкиот, па како бел ден може да се види дека македонскиот говор никако не можела го разбере целата војска на Александар Велики, затоа што еден дел од неговата војска биле Грци. Така, кога на Македонецот Филота, син на Парменион, кој требало да се брани пред македонското Собрание, Александар му рекол: ‘Филота, Македонците ќе ти изречат пресуда; те прашувам дали ќе им зборуваш на мајчин јазик’, а тој рекол дека нема да зборува на мајчин јазик, затоа што сите нема да го разберат.
Професорот Прибојевич смета дека ако Македонците и Грците биле ист народ тогаш нема потреба Александар Велики да се нарекува крал на Македонците и Грците туку само крал на Грците.
Во својата книга која е стара пет века тој потенцира дека Македонците имаат свој јазик кој не паднал од небо, а за тој јазик денес сведочи големиот Филип од Бергамо, кој го имал истиот јазик што го говорат и сега.
Извор. MKD-newsДали постои доказ дека Александар Македонски и Цар Самуил зборувале на ист јазик?