Дали ангажирањето на Обрадовиќ во ЕЛЕМ е подготвка за нов бонбона бизнис

ВМРО-ДПМНЕ прашува која е целта на ангажирањето на Александар Обрадовиќ за директор на АД ЕЛЕМ, дали е испумпување на милиони евра од касата на компанијата или е подготовка на фирмата за нов бонбона бизнис и зошто молчи и дали се согласил вицепремиерот Кочо Анѓушев матен лик да го води столбот на македонскиот енергетски систем. Од она што стравуваше македонскиот народ, тоа Зоран Заев ќе го оствари. Вчера на прес-конференцијата потврди за целата македонската јавност дека балканскиот мешетар Обрадовиќ е во најтесен круг за избор на директор на една од најбогатите фирми во Република Македонија, ЕЛЕМ. Македонската јавност прашува како е можно Заев да го планира за директор на ЕЛЕМ, човекот кој бил набркан од позицијата директор на Електропривреда на Србија поради хедонизам, луксуз и неодговорно работење, рече Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција.
Нагласи дека за СДСМ и за Владата не преставува никаков проблем што мешетар и неуспешен кадар од Србија ќе биде увезен за директор на најбогатата државна фирма ЕЛЕМ.
– Медиумите во Србија за него пишуваа, а нашите преносоа дека плаќал 10 милиони евра за советници во време кога бележела загуби неговата фирма, дека доделувал тендери за консултатски услуги со нему блиски фирми, дека плаќал милионски суми само за промена на лого на фирмата во која претходно работел, дека трошел милиони за семинари, дека не ја осигурал ЕПС од поплави, заради што фирмата претрпела штети од стотици милиони евра во време на големите поплави во Србија во 2014 година,…Ваков човек Заев фаворизира за директор на ЕЛЕМ и покрај тоа што целата јавност говори за неговите скандали, несовесно работење и неодговорност. Тоа говори дека Заев свесно има намера да го именува Обрадовиќ по секоја цена, потенцира Ѓорѓиевски. Од она што стравуваше македонскиот народ, тоа Зоран Заев ќе го оствари. Вчера на прес-конференцијата потврди за целата македонската јавн

Пронајдете не на следниве мрежи: