На 15.02.2015 г. лица вработени во зоолошката градина во Скопје, чијшто идентитет ѝ е познат на нашата организација, нè контактираа со информација дека починало новородено бебе лавче поради негрижа од страна на нивни колеги.Имено, вработените кои биле задолжени да се грижат за лавчето и неговата мајка биле инструирани од директорката на зоолошката градина да ги преместат животните во нова просторија при што се случило лавчето да остане само без мајката подолг период кога било изложено на надворешни услови со минусни температури. Ова, според изјавите на вработените кои го пријавија случајот, било директна причина за смрт на животното, бидејќи лавчето претходно не покажувало никакви симптоми на слабост, болест, итн.
Потсетуваме дека во зоолошката во рок од една година почина, под нецелосно разјаснети околности, жирафата Орка и мајка мајмунка си го малтретираше и физички го злоупотребуваше сопственото новороденче што беше и документирано со фотографии од вознемирени и загрижени посетители на зоолошката. Во изминатите години во зоолошката починаа и нилскиот коњ Ниско (2006) за време на кастрација, камилата (2009) поради проголтана амбалажа од смоки, двегодишно лавче (2009) од срцева мана поради инцестно зачнување, елените – подарок од зоолошката од Хрватска (2010) при транспорт организиран од македонската зоолошка, а шимпанзото Коко се лекува од депресија во Холандија. Во напис на Вест од 2005 г. стои изјава на холандски биолог и експерт за егзотични животни, Томи Муркенс, кој скопската зоолошка градина ја нарекува „црна дупка во која живеат апатични животни“ и ја оценува како најлоша зоолошка градина што тој досега ја посетил. Додава дека управата на Зоолошката е многу тешка за соработка.
Со оглед на сите овие информации, бараме надлежните темелно да го испитаат случајот и да се утврди дали причината за смртта на младото лавче е некомпетентноста на вработените во зоолошката, дали оваа установа воопшто ги задоволува критериумите и дали се обезбедени соодветни услови за секое животно во согласност со неговиот вид. Доколку се утврди вина кај
вработените од зоолошката бараме да бидат санкционирани според Законот за заштита и благосостојба на животни и според Кривичниот законик на РМ.
Со почит,
Здружение за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“Имено, вработените кои биле задолжени да се грижат за лавчето и неговата мајка биле инструирани од директорката на зоолошката градина да ги&nb