Дали Бејли ја составува новата тиранска влада во Македонија?!

Најавите на лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев беа дека денеска ќе се знае составот на идната Влада. Но, тоа не се случи. Додека Заев преговараше со лидерот на БЕСА, Билал Касами, Али Ахмети, претседателот на ДУИ, беше на средба со американскиот амбасадор, Џес Бејли на која се разговарало на истата тема – формирање на новата влада. На средбата во американската амбасада во земјата претходеше разговор меѓу Заев и Ахмети.По ова Ахмети побрза во американската амбасада за да види што имаат од таму да му кажат.
А Касами и Заев ништо не се договориле. Имало, како што рече Заев напредок во разговорите, но не и договор. За БЕСА пак нема напредок – има принципи од кои тие не отстапуваат, како рокови за донесување на некои закони, како на пример законот за јазицит, како и редефинирањето на државата.
Зошто Ахмети побрза на средба со Бејли?! Оваа денешна средба отвори многу прашања. Кои принципи Бејли му го кажа на Ахмети?! Дали токму Бејли е составувачот на новата влада во земјата – тиранската влада во Македонија. Не е новина мешањето на Бејли во македонските политички случувања, пишува Република.мк.
Да потсетиме што објави  „Стандард“ во април :
Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли уште во вторникот 11 април се сретнал со Зоран Заев. Бејли во просториите на СДСМ стигнал околу 17 часот со своето службено возило, опкружен со телохранители. Во негова придружба биле уште неколку службеници од Американската амбасада. Во таа прилика со Заев е договорен, поточно аминуван, план на насилно преземање на местото на претседател на Собранието, а потоа и противуставно конституирање на Влада, која би ја спровела на дело „Тиранската платформа“, направена од страна на Еди Рама.
Обидот за пуч договорен помеѓу Бејли и Заев, а реализиран во четврток 27 април со нелегален избор на Талат Џафери за претседател на Собранието претходните недели во своја колумна го најави Љубомир Фрчковски, водечкиот стратег на СДСМ – пишува медиумот.
Сега Бејли повторно стапува на сцена. А што бара Али Ахмети денеска на „баци рака“ кај американскиот амбасадор?!По ова Ахмети побрза во американската амбасада за да види што имаат од таму да му кажат.
А Касами и Заев ништо не се договориле. Имало, как

Пронајдете не на следниве мрежи: