Дали белезите се доказ за насилна смрт во претходниот живот?

Дали е вистина приказната во врска со белезите?
Дали тие се доказ за насилна смрт од претходниот живот?Бабата на едно мало дете од Тајланд  додека лежела умирајќи посакала, ако повторно се прероди да биде машко. Не долго по смртта на жената , ќерката родила син со бела ознака на задната страна на вратот што била идентична како ознаката со бела паста која таа ја нацртала на телото на нејзината мајка.
Момчето по име Клои е родено само по неколку години откако починала неговата баба. Неговата линија на задниот дел од вратот била јасно забележлива, како некој да му ја извлекол директно од кожата.
Како што растел и почнал да комуницира, тој започнал да мисли дека е неговата баба. Неговото такво мислење растело до толку што тврдел дека предметите што ги поседувала неговата баба се негови и дека отсекогаш биле негови.
Во некои азиски земји постоело некоја традиција и вообичаена практика која вклучувала означување на починатиот со пепел или паста, така што кога душата ке се реинкарнира, роднините ќе го препознаат во некој друг по тоа што го означиле.
Иако белезите или другите деформитети на телото се помалку се документираат кај случаите на минатиот живот, тие сепак се јавуваат. Деталите за тоа точно од каде потекнуваат се прилично нејасни, иако околу 80 проценти од сите бебиња се раѓаат со некој вид знак или промена на бојата на нивното тело. Понекогаш бледеат со текот на годините а понекогаш и остануваат.

Др. Ијан Стивенсон пионер во истражувањето на парапсихологијата истражувањето и учењето за минатите животи на децата напишал семинарски труд кој бил издаден во 1993 година. Во него пишувало дека најмалку во 895 случаи за деца кои потврдиле дека го паметат нивниот претходен живот и имаат рана или белег кој бил идентичен на некоја почината личност.
Иако горенаведениот пример за момчето и бабата  не е резултат за насилно нанесување на некој друг вид, сеуште се оставаат некакви сомнежи за тоа како физичките остатоци од некоја поранешна инкарнација можат тоа да го носат во следниот живот.
Сепак, според последните истражувања се чини дека  многу од документарните случаи на реинкарнација што даваат физички остатоци од лузни се направени насилно.
Д-р Џим Такер, медицинскиот директор на детската психијатриска клиника и вонреден професор по психијатрија и невробихевијорална медицина на Универзитетот во Вирџинија на Факултетот за медицина, кој ја напишал книгата „Животот пред животот- Детски спомени“ на претходните животи заедно со Д-р Стивенсон рекол: Јас мислам дека постои нешто во врска со дефектите и лузните при раѓањето, сметам дека траумите од претходниот живот можат да се одразат и во следниот.

Од 2500 случаи кои ги изучувал Такер 2000 од нив учествуваат во случаи на трауматска смрт. Поради некоја причина, се чини дека умот има способност да ги сними тие трауми и да ги нанесе на некое друго тело. Постојат случаи и во кои луѓе се соочуваат и со насилни епизоди во нивниот живот за време на сон и се будат со гребнатини, па дури и со крв и дамки.
На некој начин, она што се кажува тука е дека свеста на една единка има способност да ја манифестира или да биде посредник на физички означувања од претходниот живот.

Дали можеме да се сеќаваме на претходните животи благодарение на нашите белези на телото?
Потеклото на белезите е еден чуден феномен.  Има ли можност нашите белези да се искористат како референца за сеќавање на претходниот живот?
Пред да бараме одговор на ова прашање, најпрво да објасниме дека не сите, но повеќето од белезите кои ги имаме се едноставни мали аномалии на кожата кои се појавуваат во текот на формирањето и развојот на фетусот.  Но, ако чувствувате некоја особена привлечност кон одреден белег кој го имате, можеби може да продрете во неговото значење кој може да биде клуч за вашиот претходен живот на земјата. Можете да направите фотографија (или да побарате некој да ве фотографира) на местото каде е вашиот белег, да ја испечатитте истата и да медитирате, потсетувајќи се визуелно на белегот во текот на медитацијата. Исто така, можете да ае фокусирате на фотографијата на вашиот белег пред да заспиете и во сонот да го побарате клучот за неговото потекло. Или пак, можете да се консултирате со терапевти кои се занимаваат со филозофијата на претходниот живот, кој може да го искористи вашиот белег како фокус за хипноза. Тука постојат неколку креативни опции.
Еден совет сепак. Пред да се решите на таква авантура како што е откривање на значењето на вашиот белег, потребно е да се осигурате дека навистина сакате да знаете каков живот сте имале претходно. Љубопитноста може понекогаш да не биде толку пожелна и добродојдена, поради работите на кои ќе наидете, а кои можеби нема да ви се допаднат. Секако дека тоа ќе биде ваша одлука и вие самите ќе ја сносите целата одговорност. Од друга страна ако се одлучите да одите напред и да продолжите со  истражување можеби ќе откриете кои и што сте денес и како да станете подобар човек. Сепак ова е еден фасцинантен предмет на истражување.
Такер вели: ” Објаснувањето за тоа како се случува оваа пренесена (меморија) , во голема мера останува да се разјасни , но во општи црти , свесните идеи не се чиста креација на мозокот; свеста може да се смета за посебен ентитет од физичкиот мозок, која продолжува во другиот живот. ”
 Извор : higherjourneys.blogspot.comБабата на едно мало дете од Тајланд  додека лежела умирајќи посакала, ако повторно се прероди да биде машко. Не долго по смртта на жената , ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: