Фондацијата „Отворено општество“ одлучи да го одмори шаренилото за да може да се зајакне со нови кадри преку организација на бесплатни обуки за нови жртви на кои ќе им се испере мозокот.Стана повеќе од очигледно дека зад овие обуки се крие регрутирање на „свежа крв“ за цицање на вампирскиот бал од оваа фондација и нивните патрони чии инструкции се реализираат преку демолирање и дивеење по улиците.
Боите на шарената револуција почнаа да бледнеат откако се појавија интереси на водачите на револуцијата да влезат во Собранието и се прогласуваа себеси за нова опција која на граѓаните ќе им донесе подобро утре.
Се одржуваа митинзи, јавни триби и секоја јавна закана, плукање и оцрнување на актуелната власт беше чекор поблиску до подобра функција – дали во засолништето за алчните по пари (СДСМ) или ветување на идна функција ако истата партија дојде на власт.
Шарената револуција настапи во Македонија во момент кога земјата почна да бележи успеси на глобално ниво со реформите, а бројноста на граѓаните коишто поверуваа во шарената лага беше поголема од секое наредно излегување на улица. Зошто?
Почнаа да се објавуваат документи за хонорарите коишто ги добиваа „неутралните“ револуционери и најгласните водачи на револуцијата по македонските улици. Се повлекоа разоткриените, дојдоа нови и тие беа разоткриени.
Стана јасно дека чистиот образ на овие лица е извалкан од гладот за пари.
Откако балонот се дупна и стана очигледно дека се испразнија редовите на луѓе, доаѓа нов „конкурс“ од „мајката“ на овие шарени чеда и се ветува бесплатен превоз и сместување за да дојдат заинтересираните во Берово на обука.
Обуката е сосема јасно од каков карактер ќе биде, со оглед на понудените теми. Очигледно е дека на Милчин му снема актери чија драматичност треба да предизвика сочувство кај граѓаните на Македонија кои не паѓаат на оваа шарада од карикатури и слободно можеме да кажеме дека земјата напролет ја очекува нова претстава.
Интересен податок е што Берово е избрано како локација за обуката, бидејќи непосредно пред објавувањето на повикот за учество, во овој град се одржа состанок на 20-тина истакнати шарени револуционери и претставници од СДСМ. (ПОВЕЌЕ ТУКА)
Подготви се Македонијо, доаѓа пролет, а Берово е местото во кое се кројат новите злокобни сценарија на гладните за моќ!Стана повеќе од очигледно дека зад овие обуки се крие регрутирање на „свежа крв“ за цицање на вампирскиот бал од оваа фондација и нивни