Спасувањето во филмовите со зомби често доаѓа од некој чудесен „лек“ или пристигнува армија и ги спасува сите преживеани. Но, што би се случило ако некоја нова болест почне да ги претвора луѓето во зомби и дали би можеле да се запрат?Професорот по микробиологија Јоана Вера и професорот по веб технологија Метју Кросли, одговараат на овие прашања.
Тие раскажуваат за тоа како би можеле да се справиме со зомби напад, како се шири едно навистина силно инфективно заболување и како општеството може да се подготви, пишува Daily mail.
Од трчање и криење до масакр на заразените – подготовката за такви сценарија ќе ја доведе владата до момент во кој ќе треба да се донесат многу тешки одлуки.
Замислете една таква нова „зомби“ болест (зомбизам), која се шири преку плунката, навлегува во крвта преку каснување од зомби.
Овој вид контакт на директно ширење, обично е прилично неефикасен метод за пренос на болеста во споредба со инфекција која се пренесува преку воздух, а таков вид на инфекција се шири многу полесно.
Но зомбизмот е интересен, бидејќи е како беснило – симптомите може да вклучуваат вознемиреност, агитација, параноја и страв кои го менуваат однесувањето на инфицираната индивидуа. Така, зомбито активно ќе се обидува да ги гризне или да ги јаде жртвите, на тој начин ширењето на болеста станува побрз.
Оригиналниот извор на појавата на зомбизам ретко е како во филмовите – епидемиолозите поминуваат многу време, притоа анализираат и моделираат за да ја пронајдат болеста.
На пример, со биолошки напад, испуштање вирус во атмосферата или заразена храна, сервирање за време на голем социјален настан, може да предизвика голем број на инфицирани лица во исто време. А лабораториска несреќа, од друга страна, може првично да влијае на релативно мал број индивидуи.
Овие параметри, како и начинот на ширење ќе влијаат на ширењето на болеста. За секоја епидемија, епидемиолозите ќе се обидат да ги пресметаат основните односи на репродукција кои го генерираат просечниот број на заразени лица.
„Нашите модели на зомби не се природни и бараат отстранување на главата или уништување на нивниот мозок за трајна смрт. Значи, основната работа во напад на зомби е колку луѓе зомбито може да касне пред да биде уништено“ – велат двајцата научници.
Зомбињата можат да бидат традиционални – бавни и тромави чудовишта, или може да се побрзи и смртоносни за луѓето, како во филмот 28 Days Later.
Силно населен регион нуди многу можности за едно зомби што сака да се храни. Затоа брзо се зголемува бројот на заразени случаи. Изолираните зомбиња, сепак не создаваат реална штета.
„Конечно, откако утврдиме како се шири болеста и колку брзо може да доведе до крајот на деновите за човештвото (или не, во зависност од случајот), ние треба да ги идентификуваме најдобар метод за заштита. Ова ќе осигура дека инфекцијата нема да доведе до зомби апокалипса“ – велат научниците.
Постојат неколку стратегии за реакција против зомбизам
Очигледна стратегија е инфицираните лица да се стават во карантин, веројатно со надеж за развој на лек или вакцина. Иако овој метод може да биде успешен, развојот на лекот е долг и тежок процес. Освен тоа и одржувањето на совршен карантин е тешко и ризично.
Во случаите со многу заразени, што е типично за зомби појава, дури едно заразено лице има ризик да уништи сѐ околу себе. Стратегијата често се гледа во приказните за зомби, во кои оние коишто се здрави почнуваат да се кријат од оние коишто се инфицирани. Обично се користи тоа дека бројот на заразените секогаш е поголем од бројот на здравите.
Оваа стратегија може да се смета како некаква имунизација, но нејзината успешност зависи од способноста здравите луѓе да останат еден покрај друг.
„Откако заразените орди ја прекршиле вашата заштитена зона, вие веќе сте создале совршена средина за ширење на болеста во мал простор“ – додаваат тие.
Во отсуство на можност за лекување, треба да се обидете да ги уништите заразените лица од населението. Но, тука ги има истите проблеми како кај карантинот. Овој метод не само што бара ефикасно отстранување на заразените, но таму исто така треба да има некаков дијагностички процес, така што ќе можат да се откријат случаите со помалку симптоми.
Претпоставувајќи дека може лесно да се елиминираат сите заболени, тоа ќе биде најдобрата опција. Но, остануваат морални прашања во однос на тешките загуби на незаразени индивидуи. Реалните болести ретко се толку моќни како оние во филмовите, кои обично имаат 100% брзина на пренос.
Студијата на фиктивни зомби-пандемии нуди возбудлив начин за дискутирање на инфективно преносливи болести, превенција и третман.
Значи, следниот пат кога ќе седнете да ги гледате омилените филмови за зомби, ставете се во чевлите на епидемиолозите во светот: Што би направиле и зошто?Професорот по микробиологија Јоана Вера и професорот по веб технологија Метју Кросли, одговараат на овие прашања.
Тие раскажуваат за тоа ка