Доколку вашиот одговор е “ДА” тогаш ова е идеален оглас за вас.
Во Шведска е објавен оглас за менаџер на пуст остров кој би добивал месечна плата од околу 20.000 фунти месечно. Доколку ви здосади градскиот живот и буката која тој ја носи, ова е идеалната прилика за вас.
Работните задачи кои менаџерот треба да ги извршува е да се грижи за островот и да ги пречекува гостите кои ќе го посетуваат. Туристите се сместуваат во замокот кој се наоѓа на островот, па така тие имаат обезбедено сместување а храната и водата се носат од најблиската копнена површина. Но, доколку сте љубители на интернет нема да ве радува фактот дека интернет пристапот на островот е ограничен. Притоа, последниот менаџер издржал две години на островот.
Имено, овој остров годишно го посетуваат околу 22.000 туристи.Доколку вашиот одговор е “ДА” тогаш ова е идеален оглас за вас.