Проверете дали Близнаците се навистина љубовници, колку лесно Биковите се одлучуваат на неверство или што никогаш нема да ви го прости една Девица…Овен
Кога тие изневеруваат, многу брзо се дознава во најблиската околина бидејќи овните сакаат да се фалат со своите успеси. Ако се посомневаат во верноста на својот партнер ќе им вратат мило за драго, но и многу лесно можат да се најдат во замка на сопствената превара- и да се заљубат.
Бик
Иако важат за едни од најголемите љубовници Биковите се прилично верни, бидејќи не сакаат да ги менуваат своите навики, ниту пак да го загрозуваат својот љубовен мир. Меѓутоа има можност да се најдат во ситуација на која неможат да одолеат, па умешни се во сокривањето на тоа шро ќе го направат.
Близнаци
Близнаците важат за доста непредвидливи личности и љубовници кои лесно можат да ги одвлечат во туѓ кревет, па и да не била тоа нивната намера. Тие не го планираат изневерувањето и не се одмаздуваат на својот партнер дури и да сомневаат во неговата верност. Дури и да се посмневаат тие важат за доста убедливи, и доста лесно ќе те убедат дека тоа не е вистина.
Рак
Доколу доволно ги мазите по дома и им ги подготвувате нивните омилени јадења, Раковите ќе ви бидат повеќе од благодарни. Посветете им го целото ваше внимание и од нив ќе добиете многу повеќе. Не потпаѓаат на ничие заведување ниту пак освојување такада нивниот партнер може да биде повеќе од мирен.
Лав
Секогаш центар на вниманието. Лавовите се доста пребирливи, такада не се многу лесни за плен. Не поднесуваат баналности и ретко ги спуштаат своите критериуми под своето ниво. Доста се организирани, во врска се посветени еден на друг и се додека го добиваат вниманието што го посакуваат друго ништо не им е важно.
Девица
Иако генерално се држат до верноста знаат често да изненадат. Особено во позрелите години. Баш затоа што никој не очекува ништо такво од нив, тие знаат да покажат дека се големи заводници. Но, за среќа Девиците простуваат често неверство бидејќи едноставно се такви- не сакаат кавги ниту пак а ја изгубат страста во врската.
Вага
Тие без проблем ќе седнат на две столици, доколку почувствуваат дека дека имаат шанса кај некого кој многу им се допаѓа. Слаби се на комплменти, ласкање, изразување љубов и слично.
Скорпија
Иако ги бие глас за најголеми заводници тие ретко изневеруваат поради забава, бидејќи секогаш се држат на своето држење, став и однесување а секако и на својот изглед, иако пред се може да се нарече сексипил кој тие дефинитивно го имаат. Но. Доколку се заљубат тогаш ја губат нивната моќ.
Стрелец
Тие ја водат листата на најмалку верните поради нивната природа или надмоќ која ја чувствуваат. Секогаш се фалат со своите освојувачки потези. Не очекуваат ништо па затоа и се најмалку разочарани, кога се однесува на неверство или промена од страна на пертнерот.
Јарец
Тие се на листата на најверните, бидејќи тие се родени за да се посветат на некому. Доколку многу се заљубат знаат и да простат неверство од спроста причина што неможат да ги менуваат нивните навики.
Водолија
Бидејќи мислат дека можат да прават се што ќе посакаат, само прашање на време е кога ќе те изневерат. Важат за големи заводници, па затоа и често се впуштаат во љубовни невољи.Но, не простуваат неверство и не може со ништо да ги убедиш во спротивното.
Риби
Дали и како тие изневеруваат и не е толку важно, колку неговата потреба да ги разубеди сите ваши сомневања дека сето тоа е вистина. Бидејќи тие вам би ви простиле ако ги изневерите истото го очекуваат и од вас.Овен
Кога тие изневеруваат, многу брзо се дознава во најблиската околина бидејќи овните сакаат да се фалат со своите успеси. Ако се посомне