Долгоочекуваната последна епизода од серијата „Два ипол мажи“ е прикажана пред два дена. Иако се шпекулираше дека во неа ќе се појави Чарли Шин, сепак не дојде до тоа.Продуцентот на серијата Чак Лори, објасни дека актерот сам се откажа од учеството во финалето на серијата.
„Знам дека многумина од вас се разочарани што не го видовте Чарли во последната епизода. Нему му беше понудена улогата. Нашата идеја беше тој да се појави во последната сцена пред вратата, да заѕвони и потоа да се сврти кон камерата и да одржи тирада за злоупотребата на наркотици. Потоа, Чарли би објаснил дека дрогата е опасна за просечните луѓе, како и дека тој е далеку од просечен човек, дека е нинџа војник од Марс и дека е непобедлив. И тогаш би паднал клавир врз него. Ние мислевме дека тоа е смешно, но тој не се сложи со тоа“, рече Лори.
„Наместо тоа, тој од нас сакаше да напишеме сценарио за сцена која би го најавила неговото враќање на малите екрани и тоа во комичната серија „The Harpers“, во која би глумеле заедно со Џон Кајер. Ние мислевме дека и тоа е смешно“, додаде продуцентот.
Последната епизода беше прикажана на 19 февруари и ја погледнале 10 милиони луѓе.
Ова е завршната сцена:Продуцентот на серијата Чак Лори, објасни дека актерот сам се откажа од учеството во финалето на серијата.
„Знам дека многумина од ва