Многу луѓе имаат навика наутро штом станат од спиење да пијат вода на празен стомак. Таа навика посебно ја негуваат Јапонците, кои тоа го сметаат за некој вид традиција, а таа е популаризирана после Втората светска војна, кога за тоа се пишувало во нивниот печат.Пиењето вода на празен стомак наутро, има многу здравствени предности, а тоа е докажано и со бројни истражувања.
Ваков третман помага во отстранување на многу тегоби како главоболки и болки во телото, забрзана работа на срцето, астма, бронхитис, гастритис, диареја, констипација, маснотии во крвта, менструални тегоби…
Еве како се изведува оваа терапија.
– Штом се разбудите пред да измиете заби, испијте 4 чаши млака вода (0,8 литри вкупно)
– Измијте ги забите, но немојте ништо да јадете ниту да пиете наредните 45 минути.
– После 45 минути можете да јадете и да пиете нормално.
– После секој оброк немојте ништо да пиете наредните 2 часа.
Стари и болни луѓе кои не можат да испијат толку вода одеднаш, нека почнат со количината која можат да ја испијат додека не успеат да испијат 4 чаши.
Велат дека на овој начин може да се регулира покачен притисок за 30 дена, проблеми со гастритис и констипација за 10 дена, а ќе имате и многу повеќе енергија бидејќи цел организам подобро ќе ви функционира.
Сепак размислете подобро пред да купите вода во пластично шише, бидејќи поради големата жештина таа може да биде нездрава. Пиењето вода на празен стомак наутро, има многу здравствени предности, а тоа е докажано и со бројни истражувања.
Ваков третман помага во от



