Дали во Македонија продолжува традицијата на семејството Чичаковски со лажирани списоци да се одработува во нечија корист, пишува Република.мк.Беровци живо се сеќаваат на времето кога Јован Чичаковски – Мацола, татко на претседателот на ДИК Александар Чичаковски, од позиција на претседател на судот во Берово во последен моемнт со лажирани записници правеше волшебни резултати во село Црник и со неверојатни 300 наспрема 0 во корист на СДСМ поставуваше градоначалници од СДСМ во Берово.
Синот цврсто гази по стапките на татка си, но со поголеми амбиции од татка си – тој е подготвен со лажирани списоци да ги смени резултатите во целата држава, па наместо наместен градоначалник на Берово, да и подметне премиер.
Фалсификатите на Чичаковци
На локалните избори 1996 година Мацола е претседател на Општинска избирачка комисија Пехчево, каде прави фалсификат на изборите во село Црник во корист на СДСМ, за што во текот на 1996/97 во Фокус има цел серијал на прилози насловен како Фалсификат на избори во Пехчево.Имено, Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ води со 300 гласа разлика, и се чекаат резултати само од село Црник, каде има информации дека и таму ВМРО води. Мацола ја напушта Општинската комисија и после некое време се врака со гласачките кутии и резултатите од Црник, каде СДСМ добил 400 гласа, а ВМРО само 4.
Комплетно целата фамилија Чичаковски се високи и истакнати членови на СДСМ во Берово.
Чичко му на Александар е бивш директор на комуналното претпријатие во Берово и се гони кривично за многу криминали што ги има направено.
Беровци живо се сеќаваат на времето кога Јован Чичаковски – Мацола, татко на претседателот на ДИК Александар Чичаковски, од позиција на претс