Дали да и кажам на свршеницата дека сум геј и дека спиев со нејзиниот татко: Исповед која го шокираше светот!

Еден читател испратил интересно писмо до британскиот „Гардијан“, надевајќи се дека ќе најде одговор за неговото прашање. Ова момче чиј идентитет со причина не е откриен, му постави на светот едно деликатно прашање, надевајќи се дека ќе му помогнат во разрешувањето на проблемот и дека ќе му дадат добар совет. Еве за што станува збор:
-Имам неверојатна дилема. Заљубен сум веќе една година и неодамна ја запросив својата девојка. После 10 години експериментирање со бисексуалноста ( имав повеќе партнерки но и партнери) конечно сум среќен, возбуден и заљубен. Ме запозна со своите родители пред три месеци и нејзиниот татко и јас веднаш се препознавме, затоа што и двајцата бевме регистрирани на еден локален сајт. Бевме интимни 3 или 4 пати- напишал тој.
-А мојот иден дедо од мене бара да и признаам се на неговата ќерка. Но јас не сакам да се откажам од своите соништа поради ова…- додал тој.
 
А Маријела му го одговорила следново:

 

-Да влезеш во брак без одредена доза на искреност во врска со тоа кој всушност си ти, го осудува на распаѓање уште од почеток тој брак. Ова не е пијана ноќ од која се срамиш туку десет годинишен начин на живот. Без оглед што си се одлучил за постојана партнерка.
Секако дека твојата свршеница заслужува да знае што се случувало. Секако на почетокот ќе и биде шок. Но ако може да те прифати кога ќе ја дознае вистината, тогаш си ја избрал вистинската личност. А ако не те прифати тогаш не ни била „жената од твоите соништа“ како што ја опиша.
Што се однесува до нејзиниот татко дефинитивно не е добра личност. Но, твојата задача не е да и покажеш кој е нејзиниот татко, тоа останува на него. На тебе е да и признаеш кој си ти.
Што би го советувале вие?Ова момче чиј идентитет со причина не е откриен, му постави на светот едно деликатно прашање, надевајќи се дека ќе му помогнат во разрешувањето на

Пронајдете не на следниве мрежи: