Дали е добро да пиете кафе пред тренингот?

Кафето е напиток кој многумина од нас секојдневно го консумираат, а некои тоа го прават и пред тренингот.Списанието “Journal of Applied Physiology” спровело едно истражување на оваа тема. Целта на истражувањето била да се испита користа од кафето и дали истото е ефективно кога станува збор за тренинзите. 
Сите знаеме дека кафето е кофеински напиток кој го буди организмот и кој нѝ дава енергија, но исто така знаеме дека може да предизвика проблеми доколку се консумира во големи количини. Оние кои тренираат, во поголемиот дел од случаите консумираат вода и протеински напитоци и ретко помислуваат на кафе, но дел од нив признаваат дека сакаат да пијат кафе пред тренингот бидејќи им дава енергија.
Се поставува прашањето – дали кафето пред тренинг е добро или не?

Истражувањата успеале да дојдат до одговорот кој можеби ќе изненади многумина.
Резултатите покажале дека лицата кои консумирале кафе пред тренингот оствариле подобри резултати и ги поднесувале вежбите и тренингот многу подобро од претходно. Меѓутоа, тоа не е сè – оние кои пиеле кафе имале намален апетит и помала желба за храна, што им помогнало да се изборат со вишокот килограми.
Сепак, докторите советуваат да не консумирате кафе секојпат пред тренингот бидејќи нашето тело многу лесно се привикнува на кофеинот. Поради тоа, изненадете го телото со една шолја кафе на секој втор или трет тренинг, која ќе ви овозможи да бидете посилни, поактивни и помалку да јадете.
 

 
 Списанието “Journal of Applied Physiology” спровело едно истражување на оваа тема. Целта на истражувањето била да се испита користа од

Пронајдете не на следниве мрежи: