Во епизодата која што синоќа беше прикажана на телевизијата СВЅ, парот на општествено неприлагодени научници, Шелдон Купер и Ејми Фара Фаулер, чии улоги ги толкуваат Џим Парсонс и Мејим Биалик, конечно го направија „тоа“ во мегапопуларната серија The Big Bang Theory.По пет ипол години врска, Ејми и Шелдон КОНЕЧНО водеа љубов!
Овој насатан уште пред месец дена го најави извршниот продуцент на серијата Стив Моларо, а првиот секс на најпопуларните научници на светот беше и очекувано „специјален“.
Епизодата се фокусира на роденденот на Ејми, кој се паѓа истиот ден како и премиерата на долго очекуваниот филм Star Wars VII: The Force Awakens, што кај Шелдон создава проблем бидејќи уште одамна (кога тој и Ејми раскинале), купил влезници за кино.
По разговорот со пријателите, тој одлучува да ја помине вечерта со девојката, но се појавува нов проблем: не знае што да ѝ подари.
Околу тоа се посоветувал со Пени и Бернардет, на кои како една од опциите го наведува коитусот и одлучува дека така и ќе стори.
„Тогаш е решено. Моите гениталии ќе бидат подарок за Ејми“, заклучил Шелдон.По пет ипол години врска, Ејми и Шелдон КОНЕЧНО водеа љубов!
Овој насатан уште пред месец дена го најави извршниот продуцент на серијата Ст