Дали е на повидок уништување на човечката раса? I дел

Најстрашното чувство што еден политички свесен човек може да го има е чувството дека живее во глобален конфликт. За жал, доказите во прилог на ваквиот поглед на моменталната светска ситуација се зголемуваат од ден на ден.Немојте да кажете дека тоа не ви паднало на ум. Се уште телата од втората светска војна не се оладиле, а веќе се чувствува страв од избивање на трет глобален конфликт во низа, за кој се верува дека ќе биде последен бидејќи четвртиот нема да има кој да го води. Под услов, секако, некој од завоените воени сили да употреби нуклеарно оружје, а доколку тоа се случи, тогаш тоа ќе го направат и други, па трети и четврти,и тоа би било крај.
Кои се тие знаци кои ни говорат дека можеби живееме во време на вовед  во Трета светска војна ? Има неколку, што за жал се премногу.
6 Спорот околу островот Сенкаку како вовед во Трет кинеска – јапонска војна?
Како што е случај со многу други важни работи, втората светска војна не започнала туку така одеднаш, туку долго влегувала во свеста на луѓето, чекор по чекор, додека официјално не започнала. Постојат многу фактори кои допринесуваат иако поединечно не значат ништо, нивната вистинска моќ е очигледна само кога ќе се сфатат како делови од една поголема целина.
Во текот на тиесетите години постоеле неколку конфликти кои можеле да покажат во која насока оди светот, доколку сме занеле да читаме  помеѓу редови. Италијанската инвазија на Етиопија и јапонската инвазија на Кина се само некои од нив. Токму оваа втората , некогашна жртва на империјализмот, е таа која се заканува со инвазија. Не се работи само за Тајван, кој Пекинг го гледа како одвоен дел од својата територија, туку и за островот Сенкаку, кој е лоциран во Источното кинеско море, врз кој право полага и Јапонија. Контрола врз овој остров значи и контрола врз морските патишта, рибарењето.
Во ноември 2013 година Кина ги вознемири другите светски сили кога објави восопставување на воздушни одбранбени зони во Источното и Јужното кинеско море, зони кои само тие ќе ги контролираат, до точка дека ќе ги соборуваат сите авиони кои недозволено ќе влезат во тоа подрачје. Санкпоку островот се наоѓа во оваа зона, што значи дека играта станува се поопасна за Токио.
Меѓутоа, пред Јапонија, на просторот на Источното кинеско море право полага и веќе спомнатиот несреќен Тајван, но и Јужна Кореја која еден месец подоцна објави дека ја прожирила својата воздушна зона, која оди преку она што Кина „го зела „ за себе.
Доколку се земе в предвид дека Кина и Јапонија масовно се вооружуваат во последните години, и дека Јужна Кореја веќе со децении е воено добро подготвена, со силно американско воено присуство на својата територија, би можело да се каже дека е прашање на време кога ќе избие оган.

5. Американите се обврзани да ги бранат пацифичките земји
Како да не е тоа доволно постои една (не)позната во равенката: САД. Секоја војна станува светска дури кога Вашингтон ќе одлучи да дојде на забавата. Затоа би требало  со загриженост да гледаме на фактот дека Белата куќа – за разлика од благата реакција на она што Путин прави во Украина- одлучно нагласила  нагласила дека ќе ја брани Јапонија доколку се најде на мета на кинеската агресија. Веќе споменавме дека ги има многу во Јужна Кореја, така да одбраната и на оваа земја се подразбира.
Но, тоа не крај. Околу 50 проценти од американската морнарица е стацинирана  на Пацификот, па реакцијата ќе биде можна и доколку Кина тргне кон Филипините, кои се традиционален американски сојузник: исто така, тие се директно погодени од кинеското присвојување на воздушниот простор во Јужното кинеско море, а САД се под законска обврска да ги бранат, на основа на Договорот за взаемна одбрана од 1951 година.  Дури не е неопходна и копнена инвазија за Вашингтон да реагира. Филипините имаат свои спорни острови во таа кинеска воздушна зона, па доколку Пекинг одлучи да ги окупира Америка ќе мора да реагира,во спротивно ќе ги прекрши условите од договорот.
Не велиме дека Америка е една чесна земја која никогаш не прекршила и нема да прекрши некој договор, туку напомнуваме дека е можно дека ќе го испочитува.
4.Северна Кореја. Никој не знае за што се способни тие
Кога се зборува за светски жаришта, Северна Кореја некако секогаш доаѓа на самиот крај, бидејќи за тоа што се случува во нејзе, на што се спремни, колку далеку можат да одат и што поседуваат во својот арсенал – за сигурно никој ништо не знае. Од друга страна, Северна Кореја е затворена во себе, а покрај тоа има и оружје за кратка цел, така да не претставува некоја голема опасност за нашата планета.
Или можеби да? За почеток, Пјонгјанг и понатаму без некоја посебна причина фрла ракети на Јужна Кореја, а покрај тоа редовно тестира балистички проектили лансирајќи ги преку јапонското небо. Тоа за сега немало сериозни последици, освен неколку остри реторики.
Но, бидејќи се наоѓаат точно помеѓу Кина, Русија, Јужна Кореја и Јапонија, кои моментално претставуваат  сериозна закана за светскиот мир, и нешто малку северно од Филипините кои ги штити Америка која сама по себе е постојана закана по светскиот мир, би можеле- сакале или не- со некој непромислен потег да предизвикаат сериозна конфузија и да ја срушат и онака кревката „кула од карти“.Немојте да кажете дека тоа не ви паднало на ум. Се уште телата од втората светска војна не се оладиле, а веќе се чувствува страв од избивање на тре

Пронајдете не на следниве мрежи: