Дали е на повидок уништување на човечката раса? II дел

Прочитајте го и продолжението на текстот: Дали е на повидок уништување на човечката раса? I дел. Прочитајте кои  се останатите три знаци кои го навестуваат уништувањето на човечката раса.3. Засилена  тензијата на Блискиот исток
Пустината е синоним за пекол. За жал, веќе не само поради пеколните жештини и сонцето кое пржи и убива, туку и поради конфликтите кои е невозможно да се решат.
Израелците и Палестинците повторно се убиваат, прво цивилите убиваа цивили, потоа војските почнаа да убиваат цивили. Израел го напаѓа појасот Газа која ја контролира Хамас, кој се обидува да ја бомбардира територијата на еврејската држава, барем онолку колку дозволува фактот дека имаат непрецизни системи. Израелската војска започнаа и копнена инвазија, уште една во низа.
Како што не е далеку ни Исламската држава Ирак и Левант, од скоро позната само како Исламска држава, која амбициозно ја прогласи обновата на калифатот. Моментално држат големи делови од Сирија и Ирак под своја контрола, ирачките власти очигледно се се понеспособни да возвратат на ударот  и да ги уништат џихадистите, додека никој за сигурно не знае што се случува во Сирија. Извесно е само дека Башар ал-Асад и понатака  владее од Дамаск, повремено се појавува вест дека некој град вратил под своја контрола, начесто превземен од Слободната сиријска армија, но каква е точната состојба на терен е многу тешко да се каже за сигурно.
Конечно тука е и Иран. Многу потпароли на Техеран велат дека сакаат да го „уништат“ Израел, се спомнуваат и цифри од 13,6 милиони луѓе кои во секој момент можат да земат оружјево раце, го финансираат Хезболах, го поддржуваат режимот на Башар ал-Асад.
2. Инвазија, анексија и граѓанска војна во Украина
Прологот во Првата светска војна беше анексијата на Босна и Херцеговина од страна на соседната Австоунгарија, шест години подоцна следеше и инвазијата на Кралството Србија,чиј повод беше Сараевскиот атентат. Прологот во Втората светска војна беше анексијата на Австрија и Судет од страна на соседната Германија,потоа окупацијата на Чешка, а потоа и инвазијата на Полска (во која учествувала и Русија; поточно Советскиот Сојуз).

Гледате ли сличности со денешната ситуација? Откако украинските  неофашистичките екстремисти го симнаа од власт Јанукович и го заменија со неизбраната про –НАТО фракција која е силна главно на западот на земјата,Русија ја окупирала а потоа и го превзема Крим.
1.Финансиска и економска криза и раст на десницата
Првата и Втората светска војна прилично се разликуваат по динамиката, но постојат и две поголеми сличности кои се однесуваат на нивните пролози по кои се речиси идентични.
Пред двата голобални конфликти постоела и економска криза која ги погодила државите кои учествувале во војната. Втората светска војна ја повратила економијата на сите држави и ги извлекла од голема депресија, исто како што Првата светска војна ја поврати економијата од двегодишната рецесија.
Јапонија во 1933 година морала да ја девалвира својата валута, што и го зголеми извозот и донесе голем економски раст. Идентична е ситуацијата со нацистичката Германија која исто така во текот на 30-те години се извлекла побрзо од Америка и остатокот од Европа.
Моментално се наоѓаме во седмата година од светска економска и финансиска криза, и она што експертите го нарекуваат „голема рецесија“.  Германија и Русија кризата не ги погоди многу; првата поради мноштвото сложени причини кои можат да се констатираат со фактот дека тоа се Германци, а втората поради големиот извоз.
Конечно една од поголемите последици е фактот дека партиите од  „десна“ ориентација ја освојуваат власта во скоро сите држави на Стариот континент. Франција е исклучок.
Историјата, за жал се повторува. Бидејќи Втората светска војна беше трагедија, можеби Третата ќе биде фарса. Освен доколку Маркс не погрешил во врска со тоа.3. Засилена  тензијата на Блискиот исток
Пустината е синоним за пекол. За жал, веќе не само поради пеколните жештини и сонцето кое прж

Пронајдете не на следниве мрежи: