Дали е нормално мајките да ги бакнуваат децата во уста? Викторија Бекам ја разгоре старата дебата со потегот

Loading...

Познатите личности во улога на мајки често добиваат критики за своите потези. Кристин Кавалари доби гневни коментари зашто има слаби деца, Криси Теиген доби напливи од гнев зашто недела по породувањето излезе на вечера, а сега и поранешната Спајс девојка се соочува со критика.Публиката е гневна заради начинот на кој Вики изрази љубов кон својата ќерка – бакнувајќи ја во уста. Таа ја објави сликата на својот профил на Инстаграм, и напиша: „Среќен роденден, и мама и сите многу те сакаме“.
Каде е границата меѓу „нормално“ и „болно“?
По бурните реакции, повторно се отвори старата дебата за тоа дали е нормално да се бакнуваат децата во уста или не. Имено, одредени корисници на социјалните мрежи го опишаа потегот како гнасен и одвратен, додавајќи дека бакнување на дете во усните прави на детето да му биде незгодно. Други го бранеја потегот велејќи дека се работи за културни разлики. Би-Би-Си дури се посоветува и со психолог, кој беше на страната на првите велејќи дека тоа не е којзнае колку добар пример, но сепак не го осуди бакнувањето на децата толку сурово, и истакна дека мајките можат да го прават тоа, ако ним им се чини нормално.
Се чини дека мислењата се поделени. Одредени мајки во знак на одбрана постираа слики од себе како ги бакнуваат своите деца, а Викторија се уште не искоментира ништо, иако под нејзината слика постојано се редат нови коментари и се води дебата.Публиката е гневна заради начинот на кој Вики изрази љубов кон својата ќерка – бакнувајќи ја во уста. Таа ја објави сликата на својот профил

loading...